Offside

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Навивач го истетовира ликот на Буфон, Џиџи го изненади

Навивач на Јувентус чијшто идол е Џанлуиџи Буфон решил да го исцрта ликот на легендарниот голман. Тату мајсторот кој го црта дошол до неверојатна идеја за клиентот.

Премиера на новиот филм за Пеле

Во салите ширум Европа од 26. мај ќе игра филмот „Пеле – раѓањето на легендата", којшто го раскажува патот на О'Реи (Кралот) од сиромашните почетоци до големиот триумф над Шведска на Мундијалот каде се роди митот за Пеле.

Работата на Ван Гал во Јунајтед преку една фотографија

Кога сите мислеа дека Ван Гал не може да направи поголема глупост од претходната, Холанѓанецот остро ги демантираше. Така еднаш го стави Фил Џонс да изведува корнери.

Кога Инзаги со еден удар даде два гола во финале

На денешен ден во 2007. година, Филипо Инзаги му донесе на Милан нов трофеј во Лигата на шампионите, откако со два гола го матираше Ливерпул во Атина.

Со тим „Made in Italy“ до Лига Европа

Финалето од италијанскиот Куп овој викенд беше повод за возбуда и навивање кај три пара навивачи. Оние на Јувентус, Милан и Сасуоло. Екипата на третите не беше директен актер на теренот, но триумфот на Јуве им помогна да испишат историја.

Кое е детево што собира топки

Рома - Интер, финале Куп на УЕФА. реванш. Се враќаме во 1991 година кога Тоти имал 15 години и кога како член на младинската академија на Рома бил ангажиран да трча по топката зад гол.

И во услови на војна, фудбалот победува

Во 2014. година во Украина започна граѓанска војна која уништи многу животи, а многу други ги спаси фудбалот. Војната во Донбас уништи домови, пријателства и разни спортски колективи. Еден клуб успеа стоечки да ги издржи сите маки и продолжи да игра фудбал.

Ој му не знае

Немало порано технологии од типот мери го колку трча на терен, па милион тактики, па не знам гугл наочари. Единствено на видео лента седнувале екипите да видат што ги чека кај противникот. Целта сепак е иста и сега, да му ја земеш и да дадеш гол, но со еден “лудачки“ пресинг.

Јунајтед му платил на Мурињо да не оди во друг клуб

„Жозе ние ќе ти дадеме 5 милиони евра, а ти нема да бараш друга работа до крајот на сезоната, плус годишната плата на Олд Трафорд ќе ти биде 19,5 милиони евра“. Ова е дел од договорот на средина од сезоната тврди Дејли Мејл.

Ван Бастен сака фудбал без офсајд

Легендата на холандскиот фудбал Марко ван Бастен верува дека фудбалот треба да доживее бројни промени во однос на правилата, за да остане атрактивен. Тој лично би го укинал офсајдот.

45 гола за 90 минути во Еквадор

Околу 300 гледачи во втората лига на Еквадор имале можност да видат 45 гола. Домаќинот Пелилео СЦ го натерал голманот на Инди Нативе да ја извади топката 44 пати од својот гол, а гостите дале само еден. Во секој случај, рекордот и натаму го држат Охриѓани.

Фатих Терим со мобилен докажуваше офсајд

Во пресрет на Европското првенство, Англија и Турција одиграа пријателска средба. Англичаните победија 2:1, со головите на Кејн и Варди. Првиот погодок беше спорен поради офсајд, за кој турскиот селектор покажуваше преку мобилен.

Најважниот ден во кариерата на Горан Пандев

По Дарко Панчев и Илија Најдовски, Горан Пандев на денешен ден во 2010. година стана третиот Македонец кој го кренал најважниот пехар во европскиот клупски фудбал

Кобниот автогол на Колумбија и убиството на Ескобар

Можеби најдобриот Мундијал во историјата, во САД 1994 остана во сенка на трагичниот настан во Колумбија каде на 2. јули беше убиен бекот на оваа репрезентација поради автоголот со кој Колумбијците испаднаа од САД.

Сите 32 гола и асистенции на Дибала во 2015/16

Аргентинскиот напаѓач беше најдобар играч на Јувентус сезонава и ги поведе Бјанконерите до петтата титула по ред и втора двојна круна последователно. Сезонава Дибала се изнадава голови и се испостави дека е права замена за Карлос Тевез.

Куп трофеи за Јуве, ПСЖ, Баерн и Манчестер Јунајтед

Фудбалерите на Јувентус, ПСЖ и Баерн Минхен ја освоија двојната круна во своите земји, а Луи Ван Гал заминува од Манчестер со пехар од ФА Купот.

После 12 години Мирчеа Луческу го напушта Шахтјор

На последниот меч за украинскиот гигант, најдобриот романски тренер во историјата денес го освои 22-от трофеј со Шахтјор Доњецк откако со 2:0 ја совлада Зорја.

Епска средба на бродови меѓу навивачи на Баерн и Дортмунд

Пред вечерашното финале на германскиот Куп, навивачите на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се сретнаа на два различни брода на реката во Берлин. Нормално, прозивките не изостанаа.

Акинфеев бранеше зицери за титула на ЦСКА

Фудбалерите на ЦСКА Москва во последното коло ја освоија титулата во Русија, откако со голот на Алан Џагоев победија на гости против Рубин Казан. Во исто време славеше и Ростов 0:2 против Терек, така што на ЦСКА и одговараше само победа. Во последните минути ги спаси легендарниот голман Игор Акинфеев кој одбрани неодбранливо. Динамо Москва првпат во историјата испадна од првата лига после поразот од Зенит 0:3.

Ако ви е до Куп, а ќе ви биде

По 9-10 месеци стандарден првенствен фудбал ќе има на што да се радуваме и викендов. Па да се договараа клубовите и федерациите меѓусебе, немаше да има толку финалиња во два дена. Победникот во националниот куп ќе се решава во топ 5 лигите, а на сцена ќе се појават екипишта.

Ако нема каталонски, ќе има шкотски знамиња

Барселона која што во недела во Мадрид ќе игра во финалето на Копа дел Реј против Севиља, ја поздрави одлуката на судот во Мадрид да ја поништи владината одлука со која се забранува истакнување каталонски знамиња, но од Мадрид најавуваат нови мерки.

Каков беше светот кога Федерер последен пат пропушти Гренд Слем

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Швајцарецот Роже Федерер првпат после 1999. година кога не влезе на УС Опен откажа учество на еден Гренд Слем, овојпат на Ролан Гарос.

Зошто Ред Бул Лајпциг е најомразен клуб во цела Германија

Тимот на Ред Бул Лајпциг обезбеди пласман во Бундеслигата, елитното германско друштво, но малкумина во оваа земја се среќни со тоа.

Нечовечна прослава на гол во Копа Либертадорес

Мечот од четвртфиналето на Копа Либертадорес меѓу Атлетико Национал и Розарио донесе 4 гола и 4 црвени картони, како и неколку тепачки иницирани од Орландо Берио кој имаше идиотска прослава на голот во 95-та минута од мечот.