Александар Чеферин е нов претседател на УЕФА

На вонредниот конгрес во Атина, Словенецот го порази единствениот противкандидат Михаил Ван Праг од Холандија и стана прв човек на Европската куќа на фудбалот.

Александар Чеферин оствари убедлива победа од 42:13 со гласовите кои ги доби од делегатите. Поддршка доби и од федерациите од нашиот регион, вклучително и ФФМ, а го поддржаа и земји како Италија, Русија, Франција, Германија, Турција, Република Ирска.

По професија е правник, а во фудбалот работи од 2005 година, најпрво како раководител во Kmnavvoc Svea Lesna Litija, најпознатата футсал екипа во Словенија, а потоа и како претседател на Словенечката фудбалска репрезентација.

Чеферин ќе го наследи Мишел Платини чиј престол во УЕФА заврши предвреме откако беше откриен коруптивниот скандал со Сеп Блатер. Со водечкото фудбалско тело во Европа кое има годишен буџет од 2 милијарди евра ќе раководи две и пол години се до следните редовни избори.

УЕФА до сега ја водеа Ебе Шварц (Данска), Густав Видеркер (Швајцарија), Артемио Франки (Италија), Жак Жорж (Франција), Ленард Јохансон (Шведска) и Мишел Платини (Франција).

14 септември 2016 - 11:46