Новиот миленик на Баерн Минхен, 21 годишниот Џошуа Кимих нема да го заборави септември 2016-та бидејќи во него му се случија сите убавини кои го посакува еден фудбалер кога е на почеток на кариерата. Деби гол за Германија и деби голови за Баерн во Бундеслига и ЛШ. Инаку дефанзивец е, од типот на Лам кој брише во напад.