Специјален гостин на стадионот на светлината беше младиот навивач на Сандерленд, Бредли кој излезе на терен заедно со Џермејн Дефо како еден од маскотите на домашниот тим.
5 годишниот Бредли е болен од рак и потребен му е посебен третман во САД. За него се води кампања со цел да се обезбедат средства за лекување и во 5 минута од мечот тој доби овации од публиката.
Што направи Евертон за навивачот на Сандерленд? По завршувањето на мечот ја покажа својата класа како клуб и објави дека ќе донира 200.000 фунти за да помогне во борбата со неговиот рак.
И тоа не е се од Евертон. Сите играчи на тимот ги потпишаа своите дресови кои потоа ќе се продаваат на аукција, а средствата ќе одат за помошта на Бредли кој доби покана заедно со семејството да биде гостин на реваншот на Гудисон Парк.
Извонредно јак потег на клубот од кој треба да учат сите спортски колективи и спортисти кои се во можност да помагаат во вакви ситуации.