Приказната за првиот принц на Рим

Мора да биде домашен производ, да израсне на тие улици, да трча со топка во предградието, на улицата околу Тибер. Инаку не може да биде тоа што е и оваа приказна не би имала призвук на бајка.

Рим некогаш имал седум кралеви, од Ромул, синот на богот Марс кој ќе го убие својот брат поради расправија околу границите, до Тарквиније поради кој тиранските власти ќе одлучат да го соборат и да се формира републиката. Тоа било собир на кралското семејство, аристократија околу гладијаторската арена во градот на седум ридови.

Требало да поминат 25 векови да се појави осми. Роден е на југот во Бразил во богатата и мирна држава Санта Катарина, името му е Пауло Роберто Фалкао, најдобриот другар на Сократес и Зика. Кога во Рим ќе го облече жолто-црвениот дрес ќе биде крунисан како осми крал на Рим, прв во два и пол милениуми и единствен суверен чија власт никогаш не била донесена до неизвесност.

Висок со тенки нозе, елегантен, делел топки со очи, давал препознатливи голови и во почетокот на 80-те од Фалкао, по кои во иднина ќе се викаат и други фудбалери, немало подобар играч на Апенините. Тоа го велел и неговиот голем ривал Мишел Платини.

Нилс Лидхолм

Но кралот не би бил крал без искусен Барон. Нилс Лидхолм, иноватор и на терен и надвор од него, кој четири пати ќе ја води Рома, но вториот пат ќе се покаже како најпродуктивен и најубав, кога Фалкао ќе му ја донесе титулата во сезоната 1982/1983.

Кралот и Баронот ги најдоа и Рома од претходно имаше една титула, онаа спорната во 1942-ра во времето на Мусолини. Децении потоа им недостасуваше само Принц кој мора да биде домашен производ, да израсне на тие улици, да трча со топка во предградието, на улицата околу Тибер. Инаку не може да биде тоа што е и оваа приказна не би имала призвук на бајка.

Тоа е Ил Принчипе (принцот) Џузепе Џанини кој го викале Паперела, во превод Патак кој одлично одржувал рамнотежа и дриблал. Способности кои одлично ќе му дојдат во кариерата и тоа на терени кои немаат толку негувани подлоги како денес и каде тревниците од Удине до Сардинија со еден дожд се претворале во ораница.

Фалкао и Дино Виола

Неговиот татко Гилдо кој бил голем навивач на Рома и на кој не му се допаѓало тоа што син му бил на проба во Лацио и во Милан, му олеснало кога еден ден на врата му тропнал претседателот на Рома, Дино Виола.

Татко му го потпишал чекот од 40 милиони лири и следниот ден 16 годишниот Џанини се појавил на стадионот Олимпико каде ќе ги помине следните 15 сезони. Веднаш се видело каков играч ќе биде Патак, иако статусот за Принц бил далеку, а Виола и Лидхолм си честитале бидејќи пред нос имале драгоцен талент. Уште тогаш Баронот ги трљал рацете што Кралот Фалкао добива наследник кој несебично ќе го обучува да стане поголем од него.

Менторите требале само да му додадат нордиска сталоженост и бразилски шмек на детето кој како природен левак одлично ролал и со десна, знаел да испрати бомба од 20-30 метри и со своите 177см можел да скока по половина метри. На драгоцените VHS ленти од него се чуваат разни мајстории како топката ја смирува на нова, има фантастичен преглед на игра, а главата секогаш крената високо кај напаѓачите за да види кого да проигра.

Зборуваме за едно време во кое италијанскиот фудбал бил водечки во светот. Генерација на Тардели и Роси кои беа Светски прваци во 1982-ра. На нив се угледал и Џанини, но во неговите движења секогаш имало нешто аристократско и префинето.

Почетокот на кариерата му е целосно несреќен. Во последниот ден од јануари 1982 година Рома се борела за прво место со Јувентус и Фиорентина и дома имала 0:0 со Чезена. Гостите се бранеле од нападите на Фалкао и Конти, а во 56 минута Лидхолм му дал шанса на 18 годишниот Џанини. На 5 минути до крај прави кардинална грешка по која гостите даваат гол и титулата за Рома е далеку.

Шведскиот стратег сфатил дека избрзал и го вратил Џанини во Примавера од каде ќе гледа како Фалкао и Анчелоти ја освојуваат титулата следната 1983-ра, а ќе биде на стадион и кога Рома нема да успее да стане Европски првак на свој терен на дуелот со Ливерпул.

Есента 1984-та Фалкао ја игра последната сезона во Рим и неговиот наследник почнува да игра со него за промената да биде помалку забележлива. Истото се случува и на клупа, си заминува еден Швеѓанец доаѓа друг. Свен Горан Ериксон кој има богато CV, а во него титули со Бенфика и Гетеборг, како и Куп на УЕФА со шведскиот тим.

Така почнува долгогодишната авантура за Принцот од Рим.

Во следните 10 години ќе биде незаменлив во средниот ред на Рома, за него ќе се пејат песни, потезите негови ќе се прераскажуваат и имитираат, промашувањата ќе му се опростуваат и од него секогаш ќе се очекува да се испоти многу повеќе од другите.

Тимот тогаш не сјаел со врвен квалитет на секој дел од теренот, имал проблеми од организациска и фудбалска природа и успеал да освои само Куп на Италија, но не и да биде блиску до трето Скудето во време кога го освојувале миланските екипи и Наполи со Марадона.

„Да играш толку време за Рома беше неверојатно, но и ужасно тешко. Притисокот беше најголем на ние што сме од Рим, бидејќи ние бевме тие кои треба да шетаме на улица после пораз. Јас бев капитен на тим кој често имаше кризи. Инаку за мене Рома беше се. Цел мој живот. Тоа што бев капитен и симбол не беше само одговорност, туку и љубов и страст. Џузепе бил Рома и Рома била Џузепе, дури и кога ништо не им одело.

Џузепе бил брилијантен за Рома, но за италијанска репрезентација не му одело се како што треба. Мундијалот 1990 на свој терен го гледале со амбиција да го освојат, но во формацијата 4-4-2 Џанини не можел да се истакне и постигнал гол само против Американците. Херој на Италијанците бил Салваторе Скилачи.

На многу тренери им сметало, исто како што им смета и сега, тоа што во тимот не смејат да го чепнат него, бидејќи така чепкаат во сржта на тоа што е клубот и во срцето на најверните навивачи на Курва Суд. Отавио Бјанки дури и му ја земал капитенската лента и во летото 1992 година Рома да не го донесеше Вујадин Бошков, Џанини веројатно немаше повеќе да биде во клубот. Српскиот стратег во вратил Принцот во живот.

И како што Фалкао му бил тутор, така Принцот по налог на Бошков добил нова и уште поважна задача. Под свои закрила земал еден млад Римјанин кој како дете цела соба ја лепел со постери од Џанини и кој сакал да биде исто како него, па и повеќе. Кој се надевал дека токму тоа дете еден ден ќе стане нов Принц на Рим.

„Мојот идол беше Џузепе Џанини. Го анализирав секој негов потег и сакав да бидат како него“, раскажуваше Франческо Тоти.

Конти, Џанини и Тоти

Потоа се случи 6 март 1994 година, римското дерби. Тоа било катастрофална сезона за Рома која од почетокот на декември не успеала да победи и се наоѓала на едно место над зоната за испаѓање.

Рома го имала својот адут, младиот Франческо кој навлекол двајца играчи, си поиграл со Негро и изнудил пенал. Принцот се вратил таа ноќ во игра по паузата од еден месец поради повреда. Се знаело дека тој ќе го изведе пеналот, но не се очекувало дека ќе биде толку стегнат и уплашен. Биел по земја во десната страна на Маркеџани кој го прочитал, а од трибина се слушало „Серија Б, Серија Б“. Лацио победил 1:0, а претседателот Франко Сенси дал изјава која го здоболела секој навивач на клубот.

„Тој што ќе промаши толку важен пенал не може да биде иднината на Рома“.

Џанини vs Маркеџани

Срцето на Џанини било скршено и пред да замине направил уште едно добро дело за клубот. Против Фоџа која тогаш за тренер го имала Зденек Земан постигнал сјаен гол и реми вредно опстанок во Серија А. Плачел тогаш, а ќе плаче и пролетта 1996-та кога ќе постигне гол против Славија од Прага на Олимпико. Потоа го соблекол дресот и истрчал цел круг околу атлетската патека. Солзи исти како оние на неговиот наследник кој по 20 години знаеше дека му се ближи времето за збогум.

Џузепе Џанини толку ја сакал Рома, што не сакал да ја држи под заложништво. Со своето име, на стара слава и со поддршка од трибините можел да остане и до 40, но не го сторил тоа. Си заминал бидејќи знаел дека клубот го остава во добри раце, знаејќи дека престолот по природен пат ќе му припадне на една друга 10-ка која потоа ќе успее да му го донесе третото Скудето на клубот.

Сите бајки немаат среќен крај, па нема ни оваа.

Џанини и Конти, 2012 година

Џанини ќе игра фудбал уште три сезони, во Штурм, Наполи и Лече, но нема да му оди добро. Нема воопшто да му се погоди ниту прошталниот натпревар бидејќи 40.000 навивачи на Рома се појавија да го поздрават на Олимпико само еден ден откако Лацио ја освои титулата во 2000 година.

Од тој ден има и една сцена во која Џузепе плаче, а во прегратка е со Бруно Конти и Франческо Тоти, три генерации легенди на Рома. „Не требаше вака да заврши“, рече Џанини.

Џанини го наследи Фалкао, Тоти го наследни Џанини, а кој може да го наследи Тоти?

Во градот со осум кралеви, еден Барон и два рамноправни Принца, за историјата и иднината на Рим, за стадионот над кој лебди добриот дух на Нилс Лидхолм кој знае колку време ќе треба да помине за да се појави новиот Принц.

Хајлатс од римското дерби на кое за Рома играа играчи како Михајловиќ, Алдеир, Тоти, Џанини, а за Лацио Гаскоњ, Сињори, Бокшиќ, Ди Матео...

12 септември 2016 - 17:07