Offside

Еден од највисоките и најдобри кошаркари во НБА лигата Виктор Вембанјама дефинитивно заслужено е во најтесниот круг кандидати за МВП наградата за најдобар играч на сезоната. Тој синоќа се врати на паркетот по незгодната повреда на претходниот меч и го водеше Сан Антонио Спарс до нова победа, 114:93.

Британската Влада пак му се накомила на Роман Абрамович

Само неколку недели по започнување на воениот конфликт меѓу Украина и Русија во февруари 2022-ра година, британските власти кренаа огромна хистерија околу богатството и статусот на тогашниот сопственик на Челси кој од лондонскиот клуб направи светски гигант.

Кога Луис Енрике со Мбапе покажа дека е тренериште

Педесет и пет годишниот шпански тренер сезонава ја освои Лига на шампиони со ПСЖ кому му го донесе првиот голем европски трофеј во клупската историја. Луис Енрике во тренерската кариера ги водеше Барселона Б, Рома, Селта Виго, Барселона, беше селектор на Шпанија во два наврати а од 2023-та е во Париз. Има 9 трофеи со Барселона, 7 со ПСЖ. Еднаш во разговор со Мбапе покажа зошто е тренеришт.

Затоа обожаваме селски фудбал

Навивачки бенд на четвртолигашот Итабирито во Бразил, ужива во свирка и во фудбал секое коло. Кога противнички играч е повреден, тие свират погребен марш, а кога настанува гужва и тепачка на теренот ја свират мелодијата од култниот филм „Роки“.

Кога денски си на свадба, а вечерта на стадион

Има и такви денови, особено овој период пролет-лето. Ама има решение и за тоа.

Како ѕвездата на Бостон Селтикс тапка во гаража?

Дваесет и седум годишниот кошаркар на Бостон Селтикс, Пејтон Причард одигра добро во доигрувањето против Њујорк Никс но неговите соиграчи не беа на нивото па испаднаа од трката за титула. Причард сега се одмора од напорната сезона а на своите профили објави видео од едно брзинско тапкање баскет.

Кремонезе во Серија А после 2 години

Колку луд бараж се играше во италијанската втора лига Серија Б. Кремонезе на крајот победи во финалето против Специја и се врати во елитната Серија А. Првиот дуел во четвртокот во Кремонезе заврши 0-0, а синоќа на реваншот гостите славеа во Специја 2:3 и се пласираа во прва лига. После 2 години што беше огромен повод за илјадници навивачи во градот да го прослават пласманот.

Париз ги пречека европските шампиони

Илјадници луѓе на париските централни улици ги поздравија фудбалерите на ПСЖ кој станаа европски шампиони на историски начин: со 5:0 го растурија Интер и станаа прв тим во историјата кој славел толку убедлива победа во финале на европскиот Куп. Во Париз кај стадионот „Парк на принцовите“ се славеше титулата а играчите продефилираа со отворен автобус.

Газдата на ПАО се влечеше со полиција

Дерби дуелите Олимпијакос - Панатинаикос се некогаш на живот или смрт па кога се игра за титула, најчесто во овој период од годината, тензиите се поголеми. Сега во финалето на грчката Суперлига резултатот е 1-1. Олимпијакос синоќа на свој паркет возврати, славеше 91:83 и израмни во серијата. која се игра до 3 победи. Следниот дуел е во среда во ОАКА од 20.00 часот.

Луда тројка на Будуќност, во последна секунда ја урнаа Црвена звезда

Бекот на подгоричка Будуќност Мекинли Рајт со луда тројка со звукот на сирената ја реши мајсторката против Црвена звезда (81-78) и ја однесе својата екипа во големото финале каде ги чека Партизан. Будуќност и Звезда играа израмнет решавачки дуел во полуфиналето во Подгорица, сè до последна секунда кога следуваше ова:

Од мрза што јадеше пица и играше Сони, до кандидат за Златна топка

Педагогијата е исклучително важна и за тренерската струка. Усман Дембеле, францускиот репрезентативец долги години важеше за еден од најголемите европски таленти. Барселона за него на Борусија Дортмунд ѝ плати преку 100 милиони евра но залудно. Тој ништо не покажа на „Камп Ноу“. Западнал во летаргија, се поправил а го обвинуваа дека водел нездрав живот, цела ноќ играл Плејстејшн со другарите и јадел брза храна.

Нејмар ладно даде гол со рака па доби црвен картон

Во дербито на колото во бразилскиот фудбал, Ботафого на гости го совлада Сантос на Нејмар со 0-1. Нејмар доби црвен картон во 76-та минута па со играч помалку примија гол во 86-та минута. После 11 кола Сантос е 18 од 20 екипи во Бразил со учинок 2-2-7.

Вардар повторно го преслуша Пелистер и го освои Купот во Охрид!

Ракометарите на Вардар 1961 во големото финале на Купот на Македонија, вечерва во салата „Билјанини извори“ во Охрид го совладаа големиот ривал Еурофарм Пелистер 31-27 и стигнаа до 17-от пехар во најмасовното натпреварување.

Ново шоу на Меси, 2 гола и 2 асистенции

Интер Мајами конечно почна да игра како треба со Меси, Аргентинецот и екипата ја подигнаа формата и синоќа го совладаа Колумбус Кру со 5-1 во МЛС лигата. Меси имаше две асистенции и два гола.

Камерите не покажаа парола за Палестина во финалето на ЛШ

Навивачите на ПСЖ кои стоеја зад едниот од головите на „Алијанц Арена“, за време на големото финале на ЛШ против Интер (5:0) во еден момент кренаа парола „Стоп за геноцидот во Газа“.

Сеќавање на малата ќеркичка, солзи и среќа на Луис Енрике

Синоќешното големо финале на Лига на шампиони беше во знакот на ПСЖ кој го потопи Интер со 5:0 и тоа беше првпат екипа да прими пет погодоци во финале после далечната 1962. Вечерта беше посебна и исполнета со емоции и за тренерот на Парижаните Луис Енрике кој пред неколку години изгуби ќерка.

Париз пак личеше на војна по финалето на Лига на шампиони

Славјето на улиците на француската престолнина повторно беа како воена зона, синоќа после финалето на Лига на шампиони каде Пари Сен Жермен славеше убедлив историски триумф од 5:0 против Интер.

ПСЖ е нов европски шампион, Интер разбиен со 5:0!

Фудбалерите на Пари Сен Жермен се нови шампиони во Лига на шампиони откако вечерва го декласираа Интер на „Алијанц Арена“ во Минхен со петарда!

Ламин Јамал рекол дека без баба му не се слика за новиот договор

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, младиот 17-годишен бисер на Барселона Ламин Јамал кој веќе има шампионска титула од Европско првенство и 2 шампионски пехари во Шпанија, неодамна потпиша договор со Каталонците до 2031 година.

Прва победа на македонските одбојкарки во Европа после 17 години

Најдобрите македонски одбојкарки ја запишаа првата победа во Сребрената европска лига на ЦЕВ совладувајќи го Луксембург со 3-0 во сетови: 25:16, 25-19, 25-14.

Мертенс го стави син му во пехар на прослава на титула

Галатасарај одигра уште една историска сезона откако ги освои и шампионската титула и Купот на Турција. Синоќа славеа на нивниот „Рамс парк“ пред своите навивачи откако со 2-о го совладаа Башакшехир во последното коло од турската Супер лига. Дрис Мертенс знаеше како да прослави со син му.

Денот кога Халанд години даде 9 гола на 1 натпревар

На денешен ден на Светско младински првенство пред шест години, Норвешка У-20 го совлада Хондурас 12-0 во полскиот град Лублин. Тогаш светот првпат слушна за некое норвешко фудбалско чудо за кое наскоро рипнаа светските фудбалски гиганти да го доведат во своите редови.

Шибеник - Хајдук низ објективот на апарат со развивање филм

Чува ли некој дома вакво ретро и му работи ли? Одиш на одмор и се знае, филмот ако има 25 слики, спомените од одморот ги имаш во 25 слики, а не како сега по 600, па ти се губат по телефони и компјутери. Навивач се појавил на стадион во Хрватска во последно коло, токму со ваков олд скул апарат.

Една шева од најдобрата екипа во историјата на Барселона

Кога во живо на „Градски“ во Скопје сме гледале како се загрева Шпанија сме верувале дека тоа е најневеројатна шева некогаш одиграна. А сега излезе видео од загревање на Барселона на „Вембли“ пред финалето на Лига на шампиони во 2011-та против Манчестер Јунајтед. Најдобра генерација во историјата на клубот која освои сè што можеше да се освои.

Ријека освои двојна круна и му донесе на Динамо 4,3 милиони евра

Ријека е апсолутен шампион на Хрватска откако по драмата ја освои шампионската титула во последно коло, а сега на пехарот му придодаде и трофеј од хрватскиот Куп.