Гол на Нејмар кој вешто избегна офсајд

На четири кола пред крајот од бразилската најсилна Серија А, славниот и трофеен Сантос е на само 1 бод над опасната зона која значи испаѓање во втора лига. Нејмар и Сантос во претходните 2 кола им земаа 4 бода на две екипи од Топ 4 кои се борат за самиот врв. Прво го совладаа Палмеирас и му ја отежнаа борбата со Фламенго за титула, а синоќа Нејмар со гол му донесе бод на Сантос против четвриот Мирасол.

Ова беше прв гол за Бразилецот после цели три месеци. Ова е негов само четврти гол сезонава по долгиот опоравок од повредата која ја имаше.

20 ноември 2025 - 09:23