Курасао и Хаити одат на Светско првенство!

Како и што најавувавме пред извесно време, репрезентацијата на Курасао успеа да испише историја и за првпат да се пласира на еден Мундијал. Стана најмала земја во историјата која некогаш се квалификувала за Светско првенство.

Предводени од познатиот холандски тренер Дик Адвокат, во последното коло Курасао и оддолеа на Јамајка во главниот град Кингстон, одигра 0-0 и го осигура пласманот на Светско првенство.

Верувале или не, оваа мала островска држава сместена на Карибите има околу 156.000 жители и површина од 444 квадратни метри и според тоа ќе биде најмала земја некогаш пласирана на најголемиот планетарен спортски собир. Земја по површина мала како на пример Андора во Европа.

Курасао ги заврши квалификациите како единствена непоразена селекција, во групата Б со освоени 12 бода.

Со ова оваа селекција го надмина претходниот подвиг на Исланд кој во 2018-а стана најмала земја некогаш пласирана на Светско, Исланд има околу 350.000 жители.

Покрај Курасао следната година на Мундијал 2026 во САД, Мексико и Канада ќе ги гледаме уште и Хаити и Панама.

Место до нив во авионот ќе бараат преку меѓуконтиненталниот бараж уште и Јамајка и Суринам.

Прославите ширум островот на Карибите биле големи:

ХАИТИ ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА

Покрај Курасао, синоќа се славело и на Хаити кој првпат после цели 52 години повторно ќе се појави на едно големо Светско првенство!

Предводени од францускиот тренер Себастијан Миње фудбалерите на Хаити се квалификуваа на прв Мундијал после 1974-та година откако синоќа славеа победа 2-0 против Никарагва во Курасао. Таму играле од безбедносни причини.

Стрелци на историските два гола биле Рубен Провиденс и Луисиус Дидсон. Хаити до крај се борел со Хондурас за првото место.

Прославите биле гласни од Порт Принс до Јужна Флорида. Овој карипски остров кој многу го сака фудбалот, а кој беше уништен и разорен од криминални банди и економска нестабилност, во вторникот доцна вечер имаше редок момент на историска радост.

Успехот е до толку поголем што Хаити во овие квалификации домашните натпревари ги играл во други места наместо во својата земја поради безбедносни причини и криминални пресметки. Последен пат дома играле во 2021-ва.

Сите натпревари ги играле на неутрален терен.

„52 години! Се вративме!, викал Др. Џозеф Дурандис, лекар роден во Хаити а кој живее во Јужна Флорида и кој отпатувал во Курасао да ја бодри својата репрезентација.

„Може ли да замислите? Земја која поминува низ пекол баш сега, најдовме сили да се вратиме на светска сцена. Против сите очекувања, Хаити се враќа на Светско првенство!“

Интересно Хаити на 18-ти ноември слави и ден кога земјата се изборила за независност од Франција.

Покрај Курасао и Хаити, оваа конфедерација ја даде и Панама на Светско првенство а ќе има уште една репрезентација во меѓуконтиненталниот бараж.

19 ноември 2025 - 08:47