Како Македонија играла против Данска низ историјата?

Македонската фудбалска репрезентација денес го дозна ривалот во полуфиналето на баражот за пласман на Светско првенство и евентуалниот противник во големо финале. Прво ќе мора со Данците во Копенхаген да се води силна борба.

Македонија и Данска досега низ годиниве се сретнале 3 пати и меѓусебниот учион е по 1 победа, 1 нерешена и 1 пораз.

Првиот дуел се одигра во септември 1994 во Скопје кога на „Градски“ средбата заврши нерешено 1:1. Тогаш пред 22.000 гледачи Митко Стојкоски уште во четвртата минута го отвори резултатот, а Македонија водеше до 86. минута кога Данците преку Полсен на асистенција на легендарниот Микаел Лаудруп дојдоа до бод.

Македонија играше со играч помалку кога Дарко Панчев доби црвен картон поради удар со лакт во 47' минута.

Во истиот циклус од тие квалификации за Европско првенство на натпреварот во Данска изгубивме 1:0. Тогаш стрелец на единствениот гол беше Нилсен:

Во 2013-та Македонија ја разби Данска 3:0 во Скопје во пријателска средба на која црвено-жолтите победија со головите на Горан Пандев, Агим Ибраими и Николче Новески сите во првиот дел.

Доколку Енис Барди, Елиф Елмас, Бојан Миовски и другарите направат големо изненадување и го совладаат реномираниот противник, во големото финале за сонот наречен Мундијал би се бореле против подобриот од дуелот Чешка - Ирска. И финалето Македонија би го играла на гостински терен, одлучи денешната ждрепка.

КАКО ИГРАШЕ ДАНСКА ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ?

Данска е 21-ва селекција на светот според ранг листата на ФИФА.

Данците долго време имаа сè во свои раце во групата Ц од квалификациите за Светско првенство но на крајот нерешен исход 2:2 против Белорусија дома во Копенхаген и пораз од Шкотска на гости 4:2 со два гола примени после 90-та минута ги чинеше да не одат директно на Мундијал 2026.

Данците ќе мораат преку баражот а ривал ќе им биде Македонија.

Во составот покрај ветеранот, голманот Каспер Шмајхел кој има богата кариера и историска шампионска титула во Премиер лига со Лидс, се уште и имиња како Јаник Вестергард, Андреас Кристенсен, Патрик Доргу, Кристијан Ериксен, Кристијан Норгард, ветеренот Пјер-Емиле Хојбјерг, Расмус Хојлунд од Наполи и други.

Македонија на мегдан со Данска во полуфинале

20 ноември 2025 - 14:13