Австрија и го сруши сонот на Босна за Мундијал 2026, ќе мораат во бараж

Фудбалската репрезентација на Австрија обезбеди пласман на Светско првенство 2026 откако одигра 1-1 против Босна и Херцеговина на домашен терен во Виена и го сочува првото место.

На стадионот „Ернст Хапел“ во Виена имаше преку 20.000 навивачи на БиХ. Нив во екстаза ги фрли Харис Табаковиќ со погодок во 12' минута. Се палеа бакљи и владееше делирум меѓу гостинските навивачи од кои голем број живеат токму во Австрија.

Имаше Босна водство кое ја води директно на Светско првенство (првпат во историјата играа на Мундијалот 2014 во Бразил). Австријците напаѓаа цел втор дел и едвај го пробиваа гостинскиот бедем.

Во 78' минута нововлезениот Грегорич постигна гол по една одбиена топка од пречката, израмни на 1-1 и ја однесе Австрија на ново Светско првенство!

Босна и Херцеговина ќе биде учесник во доигрувањето кое се игра во март следната година.

18 ноември 2025 - 23:44