Offside

Македонија ја немаше на Светско. Пречка во бараж полуфиналето беше Данска. Но, Македонија сепак имаше свој претставник таму. Тоа е Мијалче Дургутов. 10 од 10 има.

Голман во Србија ја рогаше топката преку трибина во знак на протест

Најголемиот циркуз во викендашкиот клупски фудбал кој се врати на сцена, се случуваше во првата српска лига. Е до волку немало кај нас.

„Слушам кај шумат шумите“ и „Ја излези Ѓурѓо“ со Комити

Најверната навивачка група на Вардар приреди незаборавно роденденско шоу, а дел од големата прослава беа и момците на Некс Тајм, кои испеаа преработки од два стари изворни македонски хитови. Комитите грмеа заедно со нив како во хор.

Спектакуларно роденденско шоу на Комити

Најверните навивачи на Вардар прославија два јубилејни родендени кои долго ќе се раскажуваат. Ја запалија западната трибина со бакљада каква што немало со години на македонската тифо сцена, а Вардарци им возвратија со победа во вечното дерби против Пелистер.

Алиоски му донесе победа на Лидс со гол и асистенција

Македонскиот репрезентативец одигра одличен натпревар во денешното 17. коло од Чемпионшип лигата и беше најзаслужен за освоените три бода со кои Лидс славеше против Мидлсброу со 2:1. Гол број 3 за Алиоски во дресот на Лидс Јунајтед, кој со 26 бода е на делба на шестата и седмата позиција, токму со денешниот нивни противник.

Акција на навивачите на Феенорд за тажниот голман

Пред точно шест години починал 5-годишниот син на голманот на Феенорд Бред Џонс. Малиот долго време боледувал од леукемија.

Вардар игра магично, на колена и Рајн Некар

Европскиот шампион остана најдобрата екипа во Лигата на шампионите откако ја забележа и осмата победа во деветтото коло. Совладан Рајн Некар со 30:26 (17-13).

Најјакиот судија во борење

Грчко-римски стил, борење во средно школо во САД. Судијата светски мега цар.

Кога ПСЖ ја декласираше Барса, прецизно стрелал и Роналдо

Фудбалерите на ПСЖ ја растурија Барселона со 4:0 на првиот осминафинален меч минатата сезона во ЛШ, кој се одигра на 14 февруари. 9 месеци потоа:

Металурзите капитулираа во Истанбул

По поразите од Чеховски Медведи и Монпеље, македонскиот вицешампион го нанижа и третиот пораз по ред во Лигата на шампионите, а тоа значи крај за надежите во осминафинале.

Ве поздрави Давид Бабунски со голчиште

Македонскиот репрезентативец, Давид Бабунски конечно го прекина постот од 8 месеци за својот тим Јокохама Маринос и тоа со мајсторски гол од 25 метри. Ова е трет негов сезонски погодок со кој го отвори резултатот против Осака уште во 13-та минута. Браво за потегов, дрско и милиметарски прецизно во агол.

Легендарната соло акција на Анри во лондонското дерби

Толку беше со репрезентациите, сега острете се за клупски фудбал и тоа уште од 13:30, за кога е закажано градското дерби меѓу Арсенал и Тотенхем. Ве враќаме назад точно 15 години. Виера очекувано го натскока својот чувар во шеснаесетник, Анри ја собра таа топка на своја половина и потоа гледајте што им направи.

Вардарки јуришаат кон европскиот трон

Ракометарките на Вардар дефинитивно фатија залет кон европската круна откако вечерва ја забележија и шестата победа на шест меча. Совладан Турингер 29-21.

Навивачите на Вардар спремни за лудило во недела

Како ретко кога навивачите на македонскиот шампион се спремаат да го прослават својот роденден. Во недела организираната навивачка група „Комити“ ќе прослави 30 години од своето основање а поклон за роденденот им е мегдан со битолски Пелистер, на „Градски“ во недела од 18 часот.

Тресни пак за Надал па ќе завршиш ко француската министерка

Францускиот суд ја прогласи поранешната министерка за спорт на оваа земја за виновна во случајот со Надал којшто ја тужеше поради изјава во 2016-та дека Шпанецот бил фатен на тест и поради тоа го немаше едно време на терените а не поради повреда.

Малериште на колото за кола и 20.000 евра

Со оглед на тоа што Моцарт за најголем погоден коефициент во месец октомври даваше автомобил кој беше доделен во Штип, Кристијан од Скопје за една утакмица остана и без него и без 1.236.293 денари. Се кладеше на стрелци во НБА и погоди 15.

Камбоџа и Замбија во квалификации собрала четири пати повеќе публика од нас

Фудбалски навивач кој веројатно имал доста слободно време, фатил да прави статистика на тема која репрезентација во просек имала најмногу публика на мундијалските квалификациски мечеви. Резултатите за Македонија се погубни. Бангладеш е пред нас. Исланд и Хаити држат лекции.

Она кога даваш гол од пенал ама ти се брза во тоалет

Среќа па на „Сан Паоло“ во Неапол подтрибинскиот простор има скалички одма до теренот па Словакот не мораше да трча цел круг.

Дејан Станковиќ даваше ум како да се работи со младите во Македонија

Легендата на Лацио и Интер заедно со Оливие Доља беа гости во фудбалската академија на ФФМ во својство на предавачи. Станковиќ кој заедно со својот колега се дел од Одделот за развој на фудбалот во УЕФА, ја пофалија ФФМ за нивната посветеност во младинскиот фудбал во Македонија.

Што имаат заедничко СП 1958 и СП 2018?

Коинциденцијата не се однесува само на Италија и нивното фијаско, туку на вкупно четири едни исти факти кои постојат шанси да станат пет. Зависи што ќе направат Нејмар и другарите.

Збирното место на македонски третолигаш пред натпревар

Не е на стадион, ни пред стадион, ниту пак во тренинг центарот (ако постои такво нешто) или пак пред него, туку:

Го викавме кепец

Ако некој најдобро може да ги опише првите мигови на Меси во Барселона, тоа се неговите тогашни соиграчи кои признаваат дека бегале од него кога требало да се игра еден на еден. Еднаш се договориле да го клоцаат сред игра, ама не успеале да го стигнат.

Нејмар, ти си бил баш сентиментален

Оваа есен беше полна со разни новости за Нејмар кој летово 2017 за 222 милиони евра премина од Барселона во ПСЖ. Бразилецот стана најскапиот играч во историјата, но во Париз му се случуваат чудни работи.

Голманот на Шапекоенсе почна со тренинзи по авионската несреќа

Џексон Фолман сега ќе биде голман на параолимписката репрезентација на Бразил. Ногата му ја ампутираа набрзо по авионската катастрофа и во февруари годинава решил да стане параолимпиец.

ЈСП со пресврт до победа над ЕВН

Сава Осигурување, Аџибадем Систина и ЈСП стигнаа до победи во последниот ден од 7. коло во Бизнис лигата на Македонија.