Грне го посети Злате кој доби поддршка и во Гелзенкирхен

Бобан Грнчаров во капитенски стил отиде во болницата за да го посети тинејџерот кој беше избоден со нож. Комити му пееја под балкон и собираа донации за него.

Капитенот на Вардар му подари дрес на младиот комита и му посака брзо заздравување како и што побрз кам бек на трибини од каде редовно го бодри ФК Вардар.
 
Тој беше три пати избоден со нож во стомак на автобуската постојка Рекорд во центарот на Скопје минатиот четврток и според првичните информации здраствената состојба му беше критична.
 
Полицијата соопшти дека привела две лица на возраст од 18 години од скопското село Љубин кои се осомничени за нападот и против кои ќе поднесе кривични пријави, а се трага и по трет на возраст од 15 години.
 
Комити обвинија дека се работи за членови на навивачката група Шверцери.

Изминатиот викенд Злате доби поддршка од Комитите кои извадија транспаренти на натпреварите на ФК, ЖРК и РК Вардар, а собираа и донации за него.

Поддршка за него стигна и од навивачите на Шалке на мечот против Херта.

Поддршката на Комити пред болница

7 март 2018 - 10:51