Offside

Деца, едно време и ние игравме на Светско, ама со бившата држава која имаше состав за респект, со кој едвај на пенали излезе на крај една Аргентина во четвртфинале. Марадона промаши. Во осминафинале ни се падна Шпанија. Ја реши Драган Стојковиќ Пикси со две мајстории и конечен резултат 2:1. Никогаш недораскажана сторија е Југославија.

Петр Чех - легенда

Чешкиот голман веќе една деценија е меѓу најдобрите светски голмани. На дуелот против Вотфорд му одбрани пенал на Трој Дини и тоа беше неговиот 200-ти меч во Премиер лига без примен гол (clean sheet). Ова беше воедно и првиот одбранет пенал на Чех како голман на „Топџиите“. Арсенал победи 3:0 со головите на Мустафи, Обамејанг и Михтарјан.

Нов хаос во Солун, дербито Паок - Аек со неславен крај

На денот на клучниот меч против АЕК, грчкиот сојуз му ја укина казната на Паок од три бода после што вечерва меѓусебниот дуел АЕК го почна со 54 бода, а Паок со 52 пред преполниот стадион „Тумба“.

Грмело во Неапол? Чек да видиш како грми во Њукасл

На 23. јануари талентираниот фудбалер на Челси, Кенеди беше позајмен во Њукасл. На 10. март Кенеди го дава првиот гол за ’Касл и „Сент Џејмс Парк“ еуфорично го прославува. Нешто како кога ќе падне гол под Везув во Неапол:

Како Серхио Рамос отиде во тоалет среде меч

Како и на многу средби сезонава во Ла Лига, така и против Еибар, Реал се намачи да стигне до трите бода, a и покрај двата гола на Кристијано Роналдо, моментот на мечот го имаше капитенот Рамос.

Нова луда добивка, Охриѓанец фатил 80.000 евра со 20 денари

По сензационалниот Ване Лесновски од Прилеп кој зема пола милион евра, сега чудесна вест стига од Охрид. 70-годишен играч погодил пет пара и тоа со страшни коефиценти над 20 па заработил 80.000 евра за влог од 20 денари.

Голман на Хајдук даде гол во 96-та минута за победа

Карло Летица сезонава не бранеше многу за Хајдук. Важи за резервен голман кој запиша само неколку настапи но и покрај тоа шпанските медиуми пренесоа дека Реал Мадрид сака да го купи што поскоро.

На Тајсон ли најде да му оставиш простор

Мајк Тајсон vs Реџи Грос, 1986-та. Десна, лева, десна, лева кутриов ама сето тоа бесцелно. Потоа само дел од секунда го заборави гардот долу и толку треба друже.

Топ 10 голови на Џеко во Серија А

Вака го гледаш висок и корпулентен и мислиш дека е од оние тешкаши кои само чекаат топка во шеснаесетник за да ја боцнат во гол. Ама Босанецот е многу повеќе од тоа. Работи одлично и со десна и со лева и постигна многу голчишта надвор од шеснаесетник.

Со двочекор да станеш најголем шизик во школо

Од 31. март до 2. април ќе биде кулминацијата на „Мартовското лудило“ - Најдобрите 4 од 68 колеџ екипи од САД ќе играат во полуфиналето и финалето за големата титула. На патот натаму, бекот на Универзитетот Алабама Кримсон Тајд, Колин Секстон тргна во последните четири секунди на сè или ништо против Тексас A&M и го однесе неговиот тим во следната фаза.

Судија сигурен си дека така се гестикулира фаул?

И НБА веќе не е тоа што беше или па можеби само на судијава за момент малку му се измешале мислите.

Новиот Герет Бејл игра во втората англиска лига Чемпионшип

После четири мачни години Фулам со сите сили се бори пак да се врати во англиската Премиер лига. Еден од главните творци на враќањето во елитата може да стане 17-годишниот Рајан Сесењон, дете на клубот и иднина на англиската репрезентација.

Аргентинскиот ас на чии удари голманите џабе се фрлаа

Ако по Зинедин Зидан треба да избереме играчиште број 1 од среден ред од тоа време со техника, преглед на игра, дриблинг и елеганција во движење, тогаш одиме со честитки. Среќен 43-ти роденден, Хуан Себастијан Верон.

Хрватскиот талент кој поради баба му ќе игра за Македонија

Хрватската јавност е зачудена што 14-годишниот Кршеван Кларица реши да го носи жолто-црвениот дрес на Македонија наместо „коцкестиот“. Воодушевен од приемот во нашата земја, особено во Маврово каде тренирал.

Дани Велбек ископа дупка за џамлии

Напаѓачот на Арсенал ниту некој до удри, ниту го допре, туку го изведе најлошиот удар на синоќешните натпревари во ЛЕ и веројатно нокт има искршено.

12-годишна Јапонка се спрема да вози во Формула 1

Џуџу Нода од Јапонија редовно победува на трките со нејзините врсници, возела во Формула 4 и на многу неофицијални натпреварувања иако има само 12 години. На нејзиниот феномен се чудат светските шампиони од Формула 1 кои ја поддржуваат да влезе во историјата.

Серхио Рамос си дојде лабаво на тренинг со Фиќо

Човек со годишна плата од 10 милиони евра се качи во Фиќо замислете. И тоа не било кој, туку еден од најплатените дефанзивци во светот, ако не и најплатен. И што е најважно, убаво му е.

Се одлучија последниот поздрав да биде навивачки

Колективната тага во Италија, особено во Фиренца за ненадејната смрт на Давиде Астори кулминираше на вчерашниот погреб. Ковчегот го извадија на плоштад, а навивачите на Фиорентина го поздравија капитенот на Фиорентина како што тоа го правеа на Артемио Франки.

Луд кошаркарски потег на Елиф Елмаз

Не знаеме дали му успеало од прва, ама битно ја даде и тоа од две позиции. Македонскиот фудбалски бисер се надеваме дека не ја згрешил професијата. Пазете сега.

Ристовски одличен, неговиот Спортинг пред четвртфинале

Македонскиот репрезентативец одигра 90 минути во триумфот на „Лавовите“ од Лисабон против Викторија Плзењ од 2:0. Марсеј ја отвори вратата од четвртфиналето на Лига Европа.

Арсенал го потопи Милан, Дортмунд изгуби од Салцбург

По серија од четири порази во низа, Арсенал ја прекина кризата со голем триумф над Милан на „Сан Сиро“. Атлетико Мадрид со една нога пласиран во четвртфинале откако ја прегази Локомотива Москва.

Во Фиренца пред илјадници луѓе погребан Давиде Астори

Базиликата на Светиот Крст во Фиренца утрово била премала да ги прими сите кои дошле за последен пат да се поздрават со капитенот на Фиорентина и италијански репрезентативец Давиде Астори.

Му ја заби во лице и го прати во публика

Демар Дерозан од Торонто така одлучно тргна да ја куца со две раце, што успеа да исфрли играч од терен. Пазете ја само таа седмица како се радуваше на потегот.

Шест елиминации во ЛШ во вредност од милијарда евра

Го купија Нејмар за енормни 222 милиони евра и го позајмија Мбапе со опција да го откупат за 180 милиони. Ова само прошлото лето. Се потурија од давање пари. За што?