По сите перипетии и слаба и безлична игра во првите две кола, селекцијата на Аргентина конечно најде начин да заличи на нешто и со една победа да замине во осминафинале. Репрезентативците се пресреќни што го избегнаа најнепосакуваното сценарио и тоа го прославија со песна.
Низ медиумите се врти видео од полувремето со Нигерија со кое се тврди дека синоќа селектор бил Меси, а не Сампаоли од кого побараа да си замине после поразот од Хрватска.