Offside

На 12.000 км оддалеченост од стадионот Олимпико во Рим, чукаат бело сини срца. Циркузи се со видеата.

Фудбалер на Селта зел дрес од Меси и ги разгневил навивачите

Во саботата Барселона дома ја пречека Селта и славеше со 2:0 во меч од Ла Лига, а еден бек на гостите ги разочарал своите навивачи со непрофесионалниот гест.

Првиот тренинг на Игуаин во Челси

Челси и Милан крчкаат трампа меѓу Мората и Игуаин која се најавува за јануари. Твитерџиите не ти седат мирни и не ги забораваат сите оние спрдњи за Аргентинецот кој се здебели минатата година. Па имаш ваков трол:

Тајните на Биелса кој направи револуција во Лидс

Познавате ли друг тренер кој има кревет и кујна на терен за да може да спие таму каде сака уствари да живее? Опседнат е и со должината на тревата, а на копачките на играчите им става цртки за да знаат со кој дел да шутираат. И сега појасно ви е зошто го викаат „Лудак“? Кај него е како во војска. Пиво и хамбургер на куково лето.

Сте ја слушнале ли навивачката Last Christmas?

Со голем бод од гостувањето кај Хофенхајм, Мајнц ги израдува своите навивачи кои во голем број допатуваа на ова гостување и на крај го згрмеа хитот за овој период од годината.

Баш чуден гол на ПСВ Ајндховен

Лидерот во холандското првенство губеше 0-1 па победи со 3-1 после пресвртот со АЗ Алкмар. Вториот гол за домаќините го даде Михал Садилек на асистенција на Лук де Јонг. Чуден гол многу.

Костас, зар тебе ова да ти се случи?

Костас Митроглу неколку години важи за најдобриот грчки центарфор. Кај и да оди дава голови, а веќе некое време е фудбалер на Марсеј каде не му оди баш најдобро.

„Жено за 26-годишнина во брак ти посветувам победа од 2:6“

На последниот натпревар пред Божиќ во Премиер лигата, Тотенхем со 2:6 го размонтира Евертон а тренерот Маурисио Почетино имаше посвета на победата за неговата сопруга која го советува мудро.

На сите маки во Манчестер, Погба најде емоџи и смајли да прави

Во историјата на Јунајтед ретко играл фудбалер кој толку ноншалантно се однесувал кон грбот, дресот, навивачите.

Во Германија кик-боксер е фудбалски судија па оди кажи му нешто

На времето имало една анегдота кога генијалниот Дејан Савичевиќ кој го направи Милан европски шампион и кој пцуеше непрестано по судиите на теренот, еднаш опцул некој италијански главен судија а на запрепастување на Дејо овој се свртел и му рекол: „И јас на тебе да ........“. Е со овој судија Курд од Германија не би можел така.

Емотивниот кам бек на Маркизио на Јувентус Стадиум

Нема навивач на Старата Дама кој не го почитува Клаудио Маркизио. Детето на Јуве кое викендов отпатува во Торино за да го гледа дербито против Рома. Колку беше возбуден што повторно се враќа кај своето семејство, говори фактот што едвај врза две реченици.

Компилација цикрузи во полската фудбалска лига

Имаат полни стадиони, средени терени, жестоки навивачи и сосема добри клубови кои играат еврокупови секоја година. Ама доблесни се да направат и собир на најголемите киксови во првата лига.

Дриблинг на колото

Јаник Боласи од Астон Вила на мечот против Лидс Јунајтед го имаше дриблингот на колото, а можеби и на цела полусезона во европскиот фудбал.

Каков мангупски пенал на Адуриз

Шпицот на Атлетик Билбао цепа уште во напад и на 37 години. Возраст на која може да им држи лекции на помладите како се шутира пенал. Погледнете каква финта му продаде на голманот на Виљареал.

Што правеше Алиоски со мевот на колегата?

Фудбалерите на Лидс направија спектакуларен пресврт на гостувањето против Астон Вила и од 2:0 славеа 2:3 со гол во 95-та минута. Но Англиската јавност освен на пресвртот, се чудеше и на потегов на македонскиот репрезентативец кога се местеа на слободен удар.

Нова лудачка тројка на Дончиќ

Дајте му го баскетот на Лука Дончиќ кога се ближи звукот на сирената и имате полн погодок. Овој пат не се работи за финиш на прво полувреме, туку на мечот. Погледнете го како на каков начин го однесе Далас во продолженија на средбата со Портланд, кој на крајот сепак славеше со 121:118. Словенецот имаше учинок од 23 поени, 11 скока и 6 асистенции.

Голманот на Ајакс гаѓан со петарда

Ајакс претпладнево со 1-3 го совлада Утрехт на гости, а голманот на тимот од Амстердам Андре Онана за малку ќе настрадаше од голема петарда фрлена од трибините.

Не е ова гол што се гледа само еднаш

По Кристал Палас и фудбалерите на Клуж може слободно да кажат дека веќе во сред сезона го имаат голот на сезоната во Романија. Коментаторот го спомна Златан Ибрахимовиќ, чие име не може да се избегне кога имаме вакви страшни акробации.

Навивачите на Ман.Јунајтед почнаа да грмат за Оле

Поубаво деби Оле Гунар Солскјер на клупата на Јунајтед не можеше да посака. Му отиде на гости на Кардиф и го смачка со 1:5. Каков само јак резултат за старт по бркањето на Мурињо. Навивачите веднаш го наградија со скандирање.

Киево и Барса имаат да ви покажат нешто

Што имаат заедничко овие две екипи колово? Една не иста, ама слична акција во три потези. Колку се само слатки овие голови без многу потење, со две додавања од гол на гол, третиот допир со топка го претворија во погодок. Треба и да ти се погоди акцијата.

Ман.Сити го прими голот на сезоната во Премиер лига

Готово е, трката за најдобар гол на колото, месецот и сезоната може да заврши. Манчестер Сити неочекувано денеска загуби на домашен терен од Кристал Палас со 2:3, а лудилото од волеј го даде Андрос Таусенд за 1:2.

Џонсон Мети со рутинирана игра до победа над ЕЛЕМ

Во последниот ден од 12. коло од Бизнис лигата на Македонија Џонсон Мети и Уни Банка славеа победи, а Аџибадем Систина и ЈСП одиграа без победник.

Детево на време да го изнесете на прав пат

Со лева ја прими (ама внимавајте само како ја прими) и со лева ја даде. Ова не е талент, туку талентиште. Изведбава е неверојатна како за негова возраст. И уште ова: Не му ни тапна.