Ако одите на Википедија кај Клаудио Маркзио ќе забележите еден ваков податок 1993 – 2018, само во Јувентус. Тоа се вкупно 25 години стаж во еден клуб, 12 во младинскиот сектор и уште 13 во сениорскиот.
Лојалност која посебно се цени кај навивачите кои во нивните срца имаат направено посебно место за Клаудио. Јувентус беше местото каде порасна, дебитираше, славеше, тагуваше и едноставно четврт век му беше секојдневие.
Таму почна да ја тркала топката на 7 години, а си замина дури на 32. За него тоа беше болно заминување, но се разделија пријателски, секој на своја страна, а со срцето на едно место.
Во пресрет на божиќните празници, Маркизио сакаше да биде блиску до своите па од Русија каде игра за Зенит, замина во Италија на средбата Јувентус – Рома. Пред стартот на мечот клубот спреми посебна најава за него, како и простор и време да се поздрави со навивачите.
Музиката застана откако тој го зема микрофонот, но емоциите го совладаа. Маркизио кажа само збор два и од голема возбуда пушти солзи.
„Возбуден сум бидејќи мислам на тоа што ви го дадов и на тоа што ми го дадовте вие“.
Куси и едноставни зборови, кои допираат до публиката со која славеше 7 Скудета, како и пад и кам бек од втора во прва лига. Тој е еден од оние кои не го оставија клубот на цедило кога требаше да се соочи со казната наречена Серија Б.
Claudio #Marchisio acaba de entrar em campo para receber (finalmente) uma homenagem
— Bianconeri Brasil (@bianconeribra) December 22, 2018
Marchisio 💔 pic.twitter.com/jwOfLSQ4Cf
— Idris (@KingIdris1111) December 22, 2018