На мечот против Анжер во саботата (1:1), Митроглу имал САМО три контакти со топката од кои еден за почетниот изведен удар од центарот. Ја допрел топката само три пати за 45 минути па на полувреме го сменија со Окампос.
3 - Kostas Mitroglou has made only 3 touches v Angers yesterday...
— OptaJean (@OptaJean) December 23, 2018
... including the kick off 👻
No player with at least 45 minutes in a Ligue 1 game has made worst since Opta began collecting this data in the 2006/07 season.
Ghost ? pic.twitter.com/diP61LRYg0
Митроглу е роден во Кавала пред 31 година. Фудбал почна да игра во Германија кај што се преселил, а од 2007 година до 2014 играше за Олимпијакос и стана најдобар стрелец неколку сезони по ред. Потоа отиде во Фулам па се врати во Олимпијакос, слеудваше трансфер во Бенфика и на крајот стигна во Марсеј.
За Грција игра од 2009 година и има 17 гола на 65 настапи.
Интересно, Марсеј имал 55% посед на топка во првиот дел но тоа не го спасило Митроглу од очаен настап. Во вториот дел Флориан Товен отишол во шпицот и имал дури 22 контакти со топка што значи дека проблемот бил во маневарот и движењето на Гркот.