Ако единствен критериум во професијата фудбалски судија беше отсуство на жалби и спорови со играчите, он одамна ќе судеше финале на Лига на шампиони.
Во ниските фудбалски дивизии во германскиот регион Долна Саксонија работи судија кој е бодибилдер и кикбоксер. Се вика Ѓунеј Артак.
На фудбалските натпревари ширум најниските лиги во Германија голем дел од играчите се со мешано потекло (така ги опишува самиот Ѓунеј кој се смета за Курд), па ситуацијата често знае да зоврие.
Неколку млади германски судии во такви ситуации делуваат скромни и кротко со агресивните дечки кои бурно реагираат на секоја судиска одлука.
Други судии пак набојот и играта на нерви ја решаваат со многу жолти и црвени картони па уште повеќе фрлаат бензин во оганот. Во овие лиги, како и кај нас, често се случува полиција да ги спроведува судиите од соблекувална до колите.
Ѓунеј некое време од трибините гледал неспортско однесување на теренот и решил да влијае на ситуацијата.
Завршил краток курс за судија во пониските лиги и со свирче се појавил на терен, така огромен и снажен како бик.
Постојат многу анегдоти за неговата работа: на пример еднаш додека судел приметил дека на соседниот терен во близина мечот долго време е во прекин а играчите на двата тима го обиколиле младиот судија во опасен круг и фалела искра да се разгори хаос.
Тогаш Ѓунеј го прекинал својот меч, му помогнал на младиот колега да го заврши мечот (до крај немало ни „зуц“) а потоа се вратил да го досуди својот меч.
Ѓунај пред секој натпревар има обичај да влезе во обете соблекувални и да ги предупреди играчите на двата тима дека играта ќе биде беспрекорна ако не се мешат во судењето.
Но ако не тргне како што треба тој прво разговара само со капитените кои ги советува прво да разговараат со најгласните соиграчи за да ги смират.
Самиот раскажува дека веројатноста за непријатни ситуации и гужва на теренот е најголема како се ближи крајот од мечот.
После мечот Ѓунеј ги собира двете екипи на центарот од игралиштето, им заблагодарува на чесната и витешка игра и им се извинува за можни грешки.
Ѓунеј суди на машки и на женски фудбал, на сениори, на кадети и на јуниори.
Како мал Ѓунеј играл фудбал но на осум години сфатил дека сака некој спорт со повеќе контакт - како што се кунф-фу, бокс, кикбокс.
Од 18 години се занимава со фитнес а главните успеси во кариерата ги имал во кикбоксот. Во 2017-та година ја освоил титулата светски шампион во тешка категорија (до 183 сантиметри висина и 105 килограми тежина) по верзија на WBU.
Ѓунеј вели дека контактните спортови му помагаат да ја потроши негативната енергија после што на фудбалскиот терен е мирен како бајче.