Offside

Веќе се познати сите екипи кои ќе играат во новата сезона од Лига на шампиони 2026/2027. 36 тима од кои некои ќе бидат дебитанти и за првпат ќе играат во најдобро друштво.

Како е можно да помине ваков ракометен потег во фудбалската ЛШ?

Манчестер Јунајтед со гол во 91-ва минута си обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите, во која колку повеќе се инаетат од УЕФА за воведување ВАР, толку повеќе се трупаат грешки, а оваа е сериозна, срамна и скандалозна.

Топката на Олд Трафорд, Лукаку во Ѓорче

Ромелу Лукаку и топката нешто не се сакаат во последно време. Ај што не дава голови, ама и му бега како на почетник. Ова е неговиот прием по кој му пука сеир цела Англија, па и пошироко.

Манчестер Јунајтед во 91-ва минута обезбеди осминафинале

Баерн Минхен, Ајакс, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Рома, Јувентус и Манчестер Јунајтед се сигурни осминафиналисти на едно коло пред крајот на групната фаза од ЛШ. Само Лион и Хофенхајм ќе се борат за уште едно место од вечерашните четири групи.

Најсрамното промашување сезонава во ЛШ

Фудбалерите на Рома без сомнение требаше да водат на полувреме на мечот против Реал во Рим, но Џенгиз Ундер во последните мигови од првиот дел направи несфатлив потег. Како ли само успеа да го промаши цел гол од толку блиску?

Нестварна интервенција на играч од Хадерсфилд

Фудбалерите на Хадерсфилд славеа 0:2 на гостувањето против Вулверхемптон, а фудбалер на гостите успеа да извади топка од линија, која ако не постоеше гол-технологијата сигурно секој судија ќе мислеше дека е целата внатре. Пазете ја оваа хируршки прецизна интервенција. Прво и ние помисливме дека ова е чист гол. Неверојатно.

Премиере ај глејте си политиката и не се мешајте во измените на Милан

Колку е забавно да се следи италијанскиот фудбал, тема на разговор за која во полемика влегоа тренерот на Милан и заменикот премиер. Со тоа што таму не им цвикаат на политичарите, особено не Гатузо кој мртов ладен се чудеше со што се занимава човекот кој треба да се грижи многу посериозни работи.

Пеп кине со денсов од 90-те

Епа тоа е видеото што се чекаше. Пеп Гвардиола со ретро сакич, прави ретро потези на ретро игранка. Најјак.

Проблемите со кои се соочувал Иниеста по освојувањето на тројната круна

Кој би рекол дека за играч и човек од рангот на Андрес Иниеста ќе чуеме исповед во кој признава дека пател од нешто што и самиот не знаел што е. Се работи за депресија и тоа замислете летото после историската сезона на Барселона.

Генијалниот дриблинг на Меси во забавена снимка

За чудесијата на Лионел Меси во дуелот со Фелипе Луис уште се зборува. Се појави ново видео снимено од поблиску на кое уште подобро се доловува како царот го уништува дефанзивецот на Атлетико. Каков е само тој прием со глава, па градење, па магичен потег кроз нозе по што навлече тројца играчи и пак најде решение.

Навивачите на Палермо го обожаваат Несторовски

Само трета сезона е дел од Палермо, а сицилијанците го сакаат и го ценат како икона. Пред официјалниот фан шоп на клубот имаше долги редици за да се стигне до фотка и автограм од капитенот кој сите ги пречека со насмевка.

Најтечното интервју на Марадона

Диего Марадона во моментов го тренира мексиканскиот второлигаш Дорадос. Го прашуваат што мисли за квалитетот на фудбалот во Мексико, тој добро го ислуша новинарот, вака не изгледа чудно, арно ама се скина од објаснување. Штета што не чувме како им одговорил на другите прашања.

Зарем можно е да постои ваква утка во Премиер лига?

Сигурно не постои гледач на мечот Барнли - Њукасл кој мислел дека оваа шанса на гостите вака ќе заврши. Среќа што гостите тепаа 1:2, факт што сепак не може да го сокрие ова епско промашување на Мет Ричи. Едноставно ова изгледа невозможно.

Ја уапсиле глупачата што ја китеше ќерката со пиротехника

Од големиот број на видеа кои се појавија после хаосот на дербито Ривер - Бока кое на крај се одложи, се издвои една мајка без памет кога си го искористи детето за да шверца пиротехника на стадион. Полицијата ја нашла, ја идентификувала и ја однела во станица. Се соочува со затворска казна.

Лукоил со одлично второ полувреме до бодовите во дуелот со Уника

Екипите на Гранит, Сава Осигурување и Лукоил со победи го отворија 10. коло од Бизнис лигата на Македонија.

Колку изнесува годишната плата на еден македонски фудбалер?

Глупаво е да правиме споредби со една Англија или Шпанија, па ајде прво да го фатиме балканот. Само во Црна Гора од фудбал се заработува полошо отколку во Македонија, а во Хрватска девет пати повеќе за разлика од кај нас.

Тоа е тој дриблинг на Меси против Фелипе Луис

Ако начинот на кој се загради и ја прими е мајсторски, тогаш што останува за тоа другото. Потег кој не сте го виделе до сега од Лионел Меси. Потег со кој го уништи стоперот на Атлетико Мадрид.

Голманот на Врање го изеде најголемиот срам викендов

Тоа што Динамо Врање загуби 6:0 од Партизан не е толку за греота колку што е за греота реакцијата на нивниот голман. Како ли успеа вака да се избламира? Локум беше топката.

Фудбал ли е или трета светска војна?

Финалето меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт во Копа Либертадорес требаше да биде најголемата и најважата пресметка во нивното 127 годишно соочување, но наместо тоа се претвори во најголем срам, но и страв за сите кои беа дел од него.

Пола Ријека ја издрибла, а коментаторот збори за нешто трето

Дани Олмо е член на Шпанија У-21 и дете на Барселона кое седум години се калеше во Ла Масија. Динамо Загреб не е свесен каков бисер има во екипа, а коментаторот уште помалку. Само македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го потапша за веројатно еден од најјаките дриблинзи во историјата на хрватскиот фудбал.

Блек фрајдеј во Серија А

Оние играчи кои блеснаа во италијанско и со своите феноменални настапи си ја качија цената, а сезонава не се тоа што беа, од 23-ти до 25-ти ноември беа на многу голем попуст. Заслужено нели?

Не ти искачам бе, е не ти искачам

Судиското продолжение од синоќешниот натпревар меѓу Лацио и Милан беше донесе драма и малку тензија. Прво Кореа го спаси домашниот тим од пораз во 94-та минута, а потоа Симоне Инѕаги му се инаетеше на судијата откако доби црвен картон за приговор. 

Најбудалеста прослава на гол на месецот

Динамо Минск со 0-3 на гости го совлада Днепар во белуроското првенство. Првиот гол на мечот го дал Филип Иванов кој решил да го прослава во песокот предвиден за нешто сосема друго.

Вардар се врати од -6 во Белорусија и освои важен бод со Мешков

Ракометарите на Вардар првпат сезонава одиграа нерешено во Лигата на шампионите, откако во 9. коло ремизираа со Мешков во Брест - 31:31.

Женски учебник за тимска игра

Ако некој се обидува да ги дискриминира жените во однос на фудбалот гадно се заебал. Овде додуше нема фудбал, туку уметност. Никогаш немаше да погодите дека баш ова ќе го изведат.