На секој Челси во гости, 3 дена му се доста

Маурицио Сари денес ќе испуши сто цигари, актуелниот шампион на Англија продолжи да руши рекорди, Челси анти-рекорди, а Серхио Агуеро да твори историја. Тимот од „Стемфорд Бриџ“ е во катастрофална ситуација.

Челси на гостински терен во 2019 година одиграл 4 меча: примил 12 гола а дал 0.

Сините од Лондон примија 4 гола во првиот дел од дербито со Сити. Такво нешто не се случило од далечната 1999 година кога Челси играл на гости со Сандерленд.

The Blues ниту еднаш во историјата на Премиер лига откако е основана како таква во 1992-ра, не изгубиле 6:0. 

Клубот кој пред пар сезони ја освои титулата во Премиер лига, шест гола не примил дури од пред 1.070 натпревари во првенството. Во 1991 година изгубиле 7:0 од Нотингем Форест предводен од легендарниот Брајан Клаф.

Челси четврти пат во историјата примил 5 гола во Премиер лига: Во септември 1996-та 5:1 изгубил од Ливерпул, во октомври 2011 против Арсенал 5:3, во јануари 2015 против Тотенхем пораз од 5:3 и сега во февруари 2019 пораз 6:0 од Сити.

Во 2019 година Челси постигнал вкупно седум гола а Агуеро 8.

11 февруари 2019 - 12:56