Offside

Францускиот центар го предводеше Сан Антонио до убедлив триумф на гостувањето кај Феникс Санс (122-96) за деветта победа во низа. Му фалеше само една блокада за да запише трипл-дабл.

Тоти, Фиго и компанија играа шест на шест и правеа мајстории

Во познатиот комплекс Форо Италико во Рим, со цел собирање средства за педиатриската болница „Децата на Исус“, се одигра хуманитарниот меч „Ноќта на кралот“. Два тима, еден на Тоти и еден на Фиго.

Пирло го тужи двојникот кој лажно се претставувал и земал роба од бутици

Еден од најдобрите италијански фудбалери на овој век, кој пред неколку години ја заврши кариерата, го дал на суд Алесандро Палацоло, 48-годишен златар од Валенца кој присвојувал добра во негово име.

Судиско тролање на денот, односно векот

Според возраста на овој што се упрпа дека ќе добие картон, ова е некој ревијален натпревар во кој судијата излезе тешка мангупарија. 

Цонга и Беноа Пер заиграа фудбал на сред тениски дуел во Хале

При резултат 1-1 во вториот сет, Французите Беноа Пер и Жо-Вилфред Цонга решија да поиграат малку серва на мрежа.

Мишел Платини во Скопје, 2009-та

Има дојдено неколку пати, а повод за ова доаѓање од кое најдовме тв прилог беше 100 години фудбал во Македонија во времето кога Харалампие Хаџиристески ја водеше ФФМ. Поранешниот министер за одбрана Зоран Коњановски се местеше за фотка за него, а овој го реметеше дека требал да плати за тоа. 

Шарапова смета дека нејзиниот раст е резултат на Чернобил

Серијата „Чернобил“ на HBO е лидер на листата серии со најдобар рејтинг во историјата според IMDb. Светската јавност и натаму трага по причините и последиците на хаваријата во Чернобилската Атомска централа во 1986 година.

Ибрахимовиќ си слуша музика за душа во соблекувална

Не му е првпат да си пушта музика од овие простори. Тоа го правеше и како играч на Барселона, и во Интер и во Милан, а и сега во Лос Анџелес Галакси. Си тера ќејф, кој смее да му каже смени.

Најсмешната прослава на гол во Африка

Африканците се толку живописни, духовити и весели што целиот мајтап го префрлаат и на фудбалски терен. Дечково е од Кенија, се вика Јидах Свен Јидах и игра за Кариобанги Шаркс. На FIFA 2020 треба да ја стават прославава под обавезно.

Од НБА на трактор во село Мирово

Сè е тоа фино да играш во најсилната кошаркарска лига во светот, да лапаш 7 милиони долари годишно и да живееш ко краљ, ама лето не е лето ако не одиш да се одмориш како човек кај баба ти во село.

На Сари му фалело кафето од Томазо кој 40 години е во Наполи

Играчи доаѓаат и си одат, претседатели и тренери доаѓаат и си одат. На Сан Паоло покрај навивачите секогаш ќе биде симболот на соблекувалната на Наполи, Томазо Томи Стараче кој го правел најубавото кафе.

На Копа Америка промаја, стадионите полу-празни

Стартот на Купот на Јужна Америка, најстариот турнир за репрезентации на светот, понуди добар фудбал но и жална, мизерна атмосфера на трибините во Бразил каде фудбалот се слави како карневал. Зошто слабо народ на стадионите?

Уапсен е Мишел Платини за наместениот мундијал во Катар

Од 24 членови на извршниот одбор на ФИФА кои ја донесоа одлуката СП 2022 да се игра во Катар, 16 добија метла. Чисто како факт кој треба да се надоврзе на денешната вест за француската фудбалска легенда.

Знамето на Латвија како фетиш кога ни доаѓаат Австријци

Не помина една година откако го пречекавме австрискиот канцелар со знамето на Латвија и ете ти пак утка и тоа идентична. Овој пат на ракометниот натпревар Македонија - Грција каде правдата ја делеа судии знаете од каде? Австрија :). 

1,5 милиони луѓе излегоа на шампионската парада на Торонто Репторс

Синоќа во Торонто се одржа првата шампионска парада во историјата на овој град. На улиците излегле повеќе од 1,5 милиони жители. Првите почнале да се собираат уште во 5 сабајле. Имало пукотници, огномети, истрели, нереди и многу испиен алкохол.

Еден од најубавите голови на Светско првенство во режија на Кејхил

На Мундијалот во Бразил, легендарниот австралиски шпиц кој се прослави во Евертон, Тим Кејхил на мечот против Холандија така начека еден волеј, што изгледаше дека двајца голмани немаше да ја одбранат.

Во Реал го гледаат видеово и уживаат

Чиле ја декласираше Јапонија со 4:0 во Копа Америка. Дел од аплаузите сепак одат и кај поразените или поточно кај 18 годишниот Такефуса Кубо кој Реал го купи за 2 милиони евра. Со еден потег го исфрли противникот од игра.

Ѕвезди од Серија А и Премиер лига тренираат во Струмица

Академија Пандев денеска е во големо исчекување бидејќи ќе го дознае противникот за првиот историски европски настап. Во меѓувреме во нивната база пристигнаа две изненадувања од кои едниот има освоено ЛШ, а другиот скоро беше финалист во ЛЕ.

Леванте постапи шампионски спрема најверните навивачи

Мал клуб се со мал стадион и скромна историја, ама затоа се многу големи и разумни во однос на политиката кон своите навивачи. Тие ги исполнуваат трибините со 80%, а управата не само што ги цени, туку и ги наградува. Респект за клубот на Барди.

Кога син му на Марсело ќе тргне да лобува

И како многу други фудбалери, така и Марсело го има упишано син му во својот клуб. Малиот не само што има ист имиџ како татко му, туку е и цел на него по снаодливост. Плус титула лапаше со Реал У10 токму со овој триумф.

Како Барселона се зафркнала и јапонското чудо од дете заврши во Реал

По претставувањата на новите засилувања Лука Јовиќ и Еден Азар (го пречекаа преку 50.000 навивачи на Сантијаго Бернабеу), најголема врева во Шпанија крена преминот на младиот Такефуса Кубо во Реал.

На кого му закачи Столе круна?

Европскиот првак мораше да се оперира и не можеше да им се приклучи на репрезентативните колеги за дуелот против Грција во Струмица. По завршувањето на средбата го прогласи Митревски за играч на мечот, ама на свој начин на Инстаграм.

Првиот меч на Сари против Јуве со Буфон и Дел Пјеро

Сезоната 2006/2007 во втората италијанска лига, Арецо ја почнал со нов тренер и со минус шест бода поради казната од скандалот калчополи, а најголемото изненадување го направиле на најтешкото гостување.

Грците мислеа без цепелин ќе поминат

Растеретено, без притисок, чисто колку да се довршат квалификациите во кои завршивме први. Кире и Гоце по кој знае кој пат го демонстираа најатрактивниот гол во ракометната игра, инаку белег на овие момци.