На Копа Америка промаја, стадионите полу-празни

Стартот на Купот на Јужна Америка, најстариот турнир за репрезентации на светот, понуди добар фудбал но и жална, мизерна атмосфера на трибините во Бразил каде фудбалот се слави како карневал. Зошто слабо народ на стадионите?

Просечната посетеност на првите пет натпревари од најголемиот фудбалски турнир летово изнесува 25,8 илјади гледачи или само 43% од вкупниот капацитет на сите пет стадиони (имаат околу 300.000 седечки места вкупно).

На три од пет меча трибините не се исполниле ниту четвртина од вкупниот капацитет: Натпреварот Венецуела - Перу го гледале 13.000 гледачи на стадион кој прима 60.000 души, Парагвај - Катар (19.000 на 79.000 места) и Уругвај - Еквадор (13,6 илјади на стадион со 62.000 седишта).

Подобри бројки имало само на дуелите Бразил - Боливија во Сао Пауло (47,2 илјади гледачи на стадион од 67.000) и Аргентина - Колумбија во Салвадор (35,6 илјади луѓе на капацитет од 51,9 илјади седишта).

ПРОБЛЕМОТ Е ВО ЦЕНАТА НА КАРТИ

Стратегијата на организаторот била да заработат на карти по секоја цена, дури и ако тоа со себе повлече слаба посетеност. На пример просечна цена на карта за мечот на отворањето меѓу Бразил и Боливија била 125 долари. Просечната плата во земјата домаќин на Копа Америка е околу 580 долари месечно така што обичниот бразилски навивач не може да си приушти таков луксуз.

Најслаба посета имал мечот Венецуела - Перу во Порто Алегре каде дошле 13.370 гледачи. Просечната цена на влезници за овој меч била 46 долари, што за мнозинството жители на Венецуела која се наоѓа во длабока економска криза е огромна.

Колку за споредба: во Франција се одржува женско Светско првенство. Организаторите таму знаеле дека посетата нема да биде сјајна поради слабиот интерес па продавале пакет карти за три меча по цена од 28 долари (при просечна плата во Франција од чисти 2.200 евра).

Има и чуден момент во Бразил со продажбата на билети. Перуанците на пример, за мечот со Венецуела можеле да купуваат карти само за горните сектори од стадионот, а локалните гледачи за тие пари можеле да купат билети за ниските сектори. Никој не објаснил зошто е тоа така.

Организаторите на Копа Америка се уверени дека посетата ќе расте како се наближува плејофот. Претседателот на КОНМЕБОЛ Алехандро Домингез рекол дека причината за ниската посетеност лежи во „јужноамериканската култура каде луѓето се оставаат за крај“.

А Алберто Гимараинш, генералниот директор на организацискиот комитет на Копа Америка пред стартот на турнирот рекол дека за сите натпревари се продадени повеќе од 60% од билетите.

„На секој турнир има повеќе популарни мечеви и помалку популарни кои го намалуваат интересот“.

На натпреварите меѓу Еквадор и Јапонија и Боливија - Венецуела се продале само 5.000 влезници. Цената од 150 долари за мечевите на Бразил е огромна, така што не треба да чуди фактот што во Сао Пауло каде има околу 16 милиони жители и којшто е економска престолнина на земјата, не се собрале 67.000 луѓе да отидат да го гледаат Селесао.