Offside

Веќе се познати сите екипи кои ќе играат во новата сезона од Лига на шампиони 2026/2027. 36 тима од кои некои ќе бидат дебитанти и за првпат ќе играат во најдобро друштво.

Естонија во живот нема видено ваков гол

Мислевме дека вакви страшни мангупарии има само на футсал, ама го запознавме Ихор Жураковски од естонскиот второлигаш Левадиа Талин и ни разјасни некои работи. Капа доле дечко, ниту Меси, ниту Роналдо, само Ихор може вака.

Го ископал черепот на дедо му, за заедно да прослават титула

Фудбалот во Аргентина е религија. Таму е сосема нормално човек да уплати за услуга фрлање на пепелта по својата смрт, на омилениот терен и стадион. Нека не ве чуди ни ова што го направил овој фрик, навивач на Расинг Клуб.

Добар корнер мали, нема што

Се вика Мамаду Сене игра за Јувентус У19 и возраста никако ама никако не може да му биде оправдање за ова што го направи, бидејќи ова го прават деца од 2 години. Плус игра за Јуве. Извини дете ама ова е најлошиот корнер што сме го виделе до сега.

Атмосфера на едно од најголемите светски градски дербија

Во шкотската Премиер лига минатиот викенд се судрија омразените ривали Селтик и Ренџерс. Победија „келтите“ со 2-1 а амбиентот на трибините беше преубав.

Англиски репрезентативен голман вмешан во тепачка

На едно објавено видео на социјалните мрежи се гледа како 25-годишниот голман на Евертон и Англија се наоѓа во центарот на една тепачка пред ноќен клуб. Тој наводно се спречкал со некои гости во ноќен клуб во Сандерленд. Од управата на Евертон соопштија дека го истражуваат инцидентот.

НБА ѕвезда од Европа се соочува со затворска казна поради наводно силување

Полицијата во Њујрок денес отвори истрага во врска со обвинението дека кошаркарот на Далас Маверикс, Кристапс Порзингис пред околу една година силувал девојка.

Volvo cars road show - гамата на Volvo на патување низ Македонија

Викендов кој измина, претставници од медиумите имаа шанса да се запознаат со Volvo XC40, XC60, V60 и S90 на првото Volvo Cars Road Show во организација на Volvo Cars Macedonia.

Има една планета која се вика Роџер на која живее само тој

Нема веќе пофални зборови во суперлативи за неуморниот и безвременскиот швајцарски ас. Се потрошија. Успехот не се состои во тоа што уште игра тенис на 37 години, туку што држи лекции и освојува трофеи на 37 години. Федерер е легенда која нема никогаш да заврши. И да го слушаш кога зборува е убаво.

Тоти од Галиција кој ја спасува Селта Виго и плаче за клубот

Во декемврискиот меч со Барселона, легендата на Селта Виго, Јаго Аспас доживеа повреда на задната ложа и отсуствуваше два месеци од теренот. За тоа време Селта изгуби 9 од 11 средби и падна во зоната за испаѓање од лига.

Го видовте ли голот на колото во Серија А?

Ма што на колото, на сезоната. Стефано Окака го отвори резултатот на мечот Удинезе - Џенова, а Роландо Мандрагора во 61’ минута го постигна најубавиот погодок во досегашниот тек од италијанското првенство за 2:0.

Креативност на денот на една будала по име Фалкао

Фалкао и Рикардињо се асоцијација за футсал. Првиот е пензиониран, ама тоа не значи дека не оди повеќе по сали. Го гледаш видеово и ти е непријатно за овие од жив ѕид. После голов требаше да напуштат. Реално.

Папата: „Полека малку со тоа дека Меси е Бог“

Барселона викендов со 2-0 дома го скрши отпорот на лутиот градски ривал Еспањол а творец на триумфот беше кој друг ако не најдобриот на светот според многумина, Аргентиенцот кој повторно даде два гола, од кои првиот беше магија.

Роденденска фешта во Фиренца за Габриел Омар Батистута

Славниот напаѓач на Фиорентина на 1 февруари наполни 50 години. И 60 дена потоа се слави денот кога е родена оваа икона на Фиорентина и тоа на плоштадот во италијанскиот град каде го сакаа од најстаро до најмладо. Никој друг немал ваква чест во Фиренца.

Мајсторскиот гол број 1 во ЛШ е на Дејан Манасков

ЕХФ ја стокми топ 5 листата на најатрактивни голови во реванш осминафиналните средби од Лигата на шампионите. Првото место го лапна македонски репрезентативец. Погледнете Деки како дрско му одигра на голманот на Спортинг на дуелот кој Веспрем го доби со 35:29.

Само паненка и мајагери удар на Златан

Паралелно со Вејн Руни, уште еден поранешен напаѓач на Ман.Јунајтед ноќеска држеше лекции во САД. Галакси го совлада Портланд 2:1 во 4. коло од МЛС лигата, а забавата ја приреди се знае кој.

Најјакиот слободен удар во кариерата на Руни

33-те години не му даваат товар на Вејн Руни, туку уште поголемо искуство, зрелост и повеќе интелигенција. Дечкото растура во МЛС, а синоќа со ДС Јунајтед славеше на гости против Орландо Сити 1:2. Како само му успеа голов од ваков агол? Спиете ли мирно Жунињо, Пирло, Михајловиќ?

Тениски судија од турска чаршија

Во женското финале на големиот турнир во Мајами, 22-годишната Ешли Барти ја совлада Каролина Плишкова со 7-6, 6-3 и ја освои најголемата титула во кариерата со што влегува во Топ20. А мечот го одбележи еден од линиските судии.

Нов гол на Несторовски, Македонецот во серија

По двата гола и асистенцијата пред почетокот на репрезентативната пауза, Илија Несторовски одново стрелаше за својот Палермо. Овојпат на гости против Козенца каде Илија го отвори резултатот во 34' минута. После само две минути Козенца израмни на 1-1 а Нестогол доби црвен картон поради приговор кон судијата во 91' минута (втор жолт) и нема да игра на следниот меч.

Најголемиот кикс на Донарума во кариерата

Милан прими гол од Сампдорија уште во 32 секунда од мечот и тоа беше единствен погодок на дуелот во Џенова. Росонерите изгубија поради катастрофална грешка на еден од најдобрите голмани во Европа.

Голманот на Врање со кардинална грешка

Поведе Динамо Врање против Војводина со 1-0 уште во 4' минута, ама на крај изгуби 1-3. Момент на мечот, уствари момент на колото беше киксот на домашниот голман Никола Периќ за кој како да ви кажеме.

Вардар по шести пат е во четвртфинале, реваншот со Загреб тежок

Ракометарите на Вардар уште пред една недела го чекираа пласманот во 1/4 финале по убедливиот триумф во Загреб, но вечерва во Скопје прописно се испотија.

Најавата за “македонското“ ракометно дерби во ЛШ

Ракометарите на Нант ќе бркаат негатива од 2 гола разлика на раванш осминафинален меч од ЛШ против Рајн Некар кој го загубија 34:32. Спасот го бараат во се знае кој.

Охридски ултрас на денот

Член на навивачката група Рибари се враќа од ракометен натпревар меѓу Охрид и Прилеп. Носи со себе прстен и другари - ултраси со бакљи кои му помагаат и му олеснуваат девојка му да не се премисли. Реално нема тука кај да бега. Чаршијата е во транс.