Македонија доби лесна група на ЕП 2020

Македонската ракометна репрезентација ги дозна противниците за Европското ракометно првенство со кои во јануари следната година ќе се соочи во Виена.

Избраниците на Данило Брестовац се наоѓаат во групата Б заедно со Чешка, домаќинот Австрија и Украина.

Ждрепката е доста посакувана бидејќи избегнавме потешки противници и плус ќе играме во Виена, Австрија дестинација најблиска за македонските навивачи.

Другите две земји домаќини каде ќе се игра првото Европско првенство со 24 репрезентации се Шведска и Норвешка. а форматот е променен. Тоа значи дека само првите две селекции од секоја група одат во следна фаза.

Има и една група со дури три екс ју репрезенации, а шампионатот се игра од 9 до 26 јануари.

Група А: Хрватска, Белорусија, Црна Гора, Србија

Група Б: Чешка, Австрија, Македонија, Украина

Група Ц: Германија, Шпанија, Летонија, Холандија

Група Д: Норвешка, Франција, Португалија, Босна и Херцеговина

Група Е: Данска, Унгарија, Исланд, Русија

Група Ф: Шведска, Словенија, Швајцарија, Полска

28 јуни 2019 - 20:13