Кога РК Вардар е во прашање сè e можно и следна сезона

Во период кога е троа суво со спортски настапи и хит се трансферите, Хрватите пишуваат за новиот лик на европскиот ракометен првак кој го крчка составот за следната сезона.

Колку Вардар стана респектабилен клуб и редовна тема и во странскиот печат покажува тоа што скоро и по еден месец од освојувањето на европската титула, го има во угледни и познати медиуми и тоа на насловна страна.

Индекс денеска во својот спортски дел излезе со наднаслов „Чудото наречено Вардар“ и наслов „На Вардар му прогнозираа распад, а Македонските повторно имаат екипа за Лига на шампиони“.

Во текстот на Индекс стои:

Илјадници граѓани на Скопје ги пречекаа играчите на Вардар кои пред еден месец по втор пат во три години станаа прваци во Европа. Гордоста на Македонија се распаѓаше, ракометарите со месеци не земаа плата, рускот газда си замина, како и неколку клучни играчи. Тие кои останаа добија документи и веќе пронајдоа други дестинации. Никој не очекуваше дека Вардар може воопшто да се избори за Ф4, а камоли да стигне до трофејот. Но сепак, се случи чудо.

Во спектакуларното полуфинале Вардар на 15 минути до крај губеше од моќната Барселона 7 разлика, но успеа да направи пресврт и да се избори за финале против Веспрем. Македонците предводени од Игор Карачиќ беа во транс, летаа по теренот, знаеа дека веќе никој ништо не им може и Унгарците во финале беа само статисти. Македонија ги славеше своите хеори.

Откако играчите и навивачите на Вардар се отрезнија од прославата се постави прашањето што и како понатаму? Многу беа спремни да кажат дека по триумфот сјајната генерација на Вардар ќе се распрска по богатите европски клубови.

Но македонскиот и европски првак нема да се распадне како што се мислеше. Тоа би била спортска трагедија.

Од Скопје си заминаа важни играчи како Игор Карачиќ, Бразилецот Мораеш и голманот Милосављев, но и понатаму Вардар ќе има респектабилен тим. Меѓу другите останаа Чупиќ, Шишкарев, Дибиров, Стоилов, Скубе, Горбок, Дисингер, а стигнаа Павел Атман, голманот Артурс, пивотменот Горпишин, крилото Димитриоски и последниот сјаен Бразилец, левакот Толедо.

Вардар повторно има моќен тим, можеби и доволно силен за напад на уште една европска титула. Кога се они во прашање, сè е можно.

27 јуни 2019 - 14:07