Вардар и Еурофарм ги дознаа ривалите во Лига на шампиони

На помалку од четири недели по епскиот успех на Вардар кој направи чудо и по втор пат ја освои Лигата на шампионите, попладнево во седиштето на ЕХФ во Виена се извлече ждрепката за групната фаза за новата сезона.

Во конференциската сала во Ерсте Кампус во главниот град на Австрија, двата македонски претставници во новата сезона од ЛШ, Вардар и дебитантот, битолски Еурофарм Работник ги дознаа противниците во групната фаза која почнува со прво коло од 11 до 15 септември.

Вардар како европски првак беше во првиот шешир, заедно со ПСЖ против кого не можеше да биде извлечен. Но затоа „црвено-црните“ паднаа во група со двата клуба кои беа на неодамнешниот Фајнал Фор во Келн, а една играше и во финалето со Вардар.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПИ:

Група А: ПСЖ, БАРСА, ФЛЕНСБУРГ, АЛБОРГ, ЗАГРЕБ, ЕЛВЕРУМ, ЦЕЛЈЕ
Група Б: ВАРДАР, ТЕЛЕКОМ ВЕСПРЕМ, ВИВЕ КЈЕЛЦЕ , БРЕСТ МЕШКОВ, МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ, МОНПЕЉЕ, ПОРТО, КИЛ
Група Ц: САВЕХОФ, ТАТРАН ПРЕШОВ, КОКС, ЕУРОФАРМ РАБОТНИК, БИДАСОА ИРУН, СПОРТИНГ;
Група Д: ДИНАМО БУКУРЕШТ, ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ, КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН, КРИСТИЈАНШТАД, ОРЛЕН ВИСЛА ПЛОК, ГОГ;

Како и досега, екипите од второ до шесто место од групите А и Б продолжуваат во осминафиналето, а првопласираната оди директно во четвртфинале. Во Ц и Д конкуренциите се борат за првите две места, кои носат плејоф или бараж за осминафиналето. Сезоната почнува во септември.

27 јуни 2019 - 12:05