Германската навивачка култура веќе немаме идеја како да ја опишеме и пофалиме и таа дефинитивно е број 1 во светот.
Замислете на 25 јули Ајнтрахт Франкфурт ги стартува европските настапи од новата сезона, а карти веќе нема, барем сезонски. На 25 јуни или на точно еден месец пред мечот, клубот ги продал сите 40.000 сезонски влезници за Лига Европа. Значи не 10-20.000, туку 40.000.
Продажбата одела вака. Прво имале предност сопствениците на годишни карти за натпреварите од Бундеслигата кои разграбале 26.000 комада, а потоа за само три часа ги купиле останатите 14.000. Какви луѓе се овие.
Е сега најјакото во муабетов е што на навивачите никој со 100% сигурност не им гарантира дека нивниот клуб ќе игра во Лига Европа, бидејќи заврши седми на табела и ќе почне од квалификациите.
Ајнтрахт на 25 јули ќе игра на гости со победникот од дуелот Раднички Ниш – Флора Талин и со тоа ќе стартува од второто квалификациско коло. Од реваншот на 1 август заклучно со нокаут фазата навивачите може да гледаат максимум 10 натпревари на домашен терен.
За да влезе во фаза по групи прво треба да го мине второто, третото квалификациско коло и плејофот, ако не џабе парите.
Но навивачите веруваат во своите миленици кои изминатава сезона стигнаа до полуфинале каде беа елиминирани од Челси и затоа клубот излезе со импресивно соопштение во кое стои: SOLD OUT.
Каква верна банда е ова.
Heroes✅#SGEuropa pic.twitter.com/8gw80DrMBw
— Eintracht Frankfurt (@eintracht_eng) May 9, 2019
Eintracht Frankfurt are very much up for this one. What a sight.pic.twitter.com/lrGXX6lqAp
— The Blizzard (@blzzrd) May 2, 2019
Und die Eintrachtfans haben es wieder getan #sge #sgeinter #eintracht pic.twitter.com/PVr7YTLkfe
— Christopher Michel (@CMoffiziell) March 7, 2019