Исфрлувањето од второто по ранг клупско европско натпреварување е практично договор меѓу УЕФА и Милан кој го соопшти спортскиот арбитражен суд, a се должи на финансискиот фер плеј кој го прекршиле газдите од Кина.
Пред десетина дена излезе информација дека Милан сам барал да го предаде своето место во ЛЕ со цел да има повеќе време за да ги среди финансиските проблеми, што значи нивната желба да бидат исфрлени сега е остварена.
Инаку финансискиот фер плеј е прекршен во периодот меѓу 2014-та и 2017-та кога на чело на клубот беше Јонг Хонг Ли.
Милан сезоната ја заврши на петтата позиција која му носеше директен пласман во групната фаза од Лига Европа и сега таа привилегија ќе ја има Рома која автоматски ги прескокнува квалификациите и ќе игра директно заедно со Лацио како освојувач на Купот.
Со оваа новонастаната ситуација ќарува и Торино кој како седмопласиран ќе треба да се спрема за квалификациски циклус кој инаку претходно не му следуваше.
AC Milan have withdrawn from next season's Europa League after Uefa's Financial Fair Play ruling.
— Football on BT Sport (@btsportfootball) June 28, 2019
They will be replaced by Torino in the competition.
Roma now move directly into the group stage. pic.twitter.com/OE0GBUqTNe