Во ’90-те, лисици мочале на тревата на Вимблдон и ја упропастувале

Помалку од една недела останува до почетокот на Вимблдон - најстариот и најпрестижниот турнир на планетата. А денес, овој крал на Гренд слемите е еден од ретките турнири кои се игра на трева.

На Вимблдон тенисот во разни варијации се играл уште од ХII век, но со многу подруги правила. Во 1830 година Британија ја патентирала косилката на трева и тоа довело до развој и кодификација на многу улични видови спортови, меѓу кои и фудбал.

На почеток тенисот го играле со рекети за бадминтон на секакви терени, но тревата како основа била задржана.

Во 1875 година Сеанглискиот крикет клуб (All England Cricket Club) решил тенис да се игра на едно место, а после две години го организирал и првиот турнир Вимблдон.

Сè до средината на 1970-те години тревната подлога била главно тениско покритие. На трева се играле дури три од четири Гренд слема и околу пола од обичните турнири. Но подоцна се појавуваат тврдите подлоги кои постепено почнуваат да доминираат во календарот.

Денес на трева се играат седум машки и шест женски турнири.

КАКО ГО СПРЕМААТ ТРЕВНАТИОТ ТЕРЕН?

Организаторите на тениски турнири на трева како што се Штутгарт и Хале например во Германија, редовно се консултираат со луѓето од Сеанглискиот клуб, па исто како нив ставаат ист држач на мрежите.

Денес за вимблдонските терени се грижи Нил Стабли кој во Сеанглискиот клуб работи од 1995 година. Главен агроном на турнирот, вкупно осми во 142-годишната историја на Вимлбдон, Нил станал во 2012 година. Под негово раководство има 15 вработени, а за време на турнирот бројот на лица задолжени за терените се зголемува двојно.

Стабли вели:

„Тревата нормално е живо суштество. Чувајте го нејзиното здравје и се ќе биде преубаво. Вниманието и постојаното гледање е поважно од која било друга сложена наука. Притоа правилникот за вимблдонската трева е детализиран на 33 страници, а официјалниот сајт на Вимблдон пишува дека подготовките на терените според стандардите на турнирот траат по 15 месеци“.

Процедурата обично оди вака:

- Во април на теренот садат 9 тони семе англиска трева. Тој период е идеален зошто има доволно топлина и влага, па првите тревки пркнуваат уште по 10 дена.

- Кога тревата ќе достигне 15 милиметри, првпат се коси. Во мај косењето се повторува 3 пати неделно, а потоа постепено тревата ја кратат по 1 милиметар неделно и до месецот кога почнува турнирот, таа е висока 8 милиметри колку што е потребно.

За време на турнирот терените секој ден се косат и им се обновуваат линиите.

- Во месец мај еднаш неделно проаѓаат со тежок валјак со цел почвата под тревата да биде компактна. Во јуни се крати поливањето со вода.

- Вработените на турнирот цели 10 месеци го работат истиот концепт, а пред турнирот ја повторуваат постапката.

- Во септември секој терен на Вимблдон добива нови шест тони почва за да се израмни добро и да биде насадена нова трева.

- Летно време во клубот работи и легендарниот јастреб Руфус кого организаторите го пуштаат да ги брка гулабите од терените и трибините. Освен тоа работниците внимаваат на терените да не влегуваат лисици, како например во 90-та година кога пред машкото финале Едберг - Бекер лисици се протнале на тревникот, се измочале и го упропастиле тревникот. Во нивната урина има состојки кои ја убиваат тревата (ова неретко важи и за дивите мачки по дворовите). Интересно, во 140-годишната историја на Вимблдон само четири пати се играло во недела (1991, 1997, 2004 и 2016). Никогаш другпат во недела немало тенис, а тоа е од причина што на организаторите тој ден им е потребен да ги освежат терените и малку да ги „одморат“ пред продолжението на Вимблдон.

За таа цел на терените понекогаш навечер пуштаат кучиња кои би ги бркале лисиците или ставаат електрична ограда крај терените.

„Тоа беше многу необично прашање. Ни забранија да ставаме сталки по тревата зошто таа е многу вредна. Поради тоа не можевме да ги користиме традиционалните техники на покривање“, рекол Џејмс Ридли, шеф на компанијата која што монтирала ограда на терените.

Шефот на службата задолжена за одржување на терените, Стабли вели дека суштината на добрата подготовка на тревникот е многу едноставна: „Ние користиме напредна опрема, но и вообичаени градински алатки со кои може да имате успех ако ги памтите златните правила: редовно поливање, малку ѓубриво, избегнување премногу семе. Важно е да се коси макар еднаш неделно и да се чисти коровот кој се појавува“.

Слична е процедурата и за турнирот во Хале. Но таму, откако во првата година од турнирот еден ден не се играле натпревари поради пороен дожд, организаторот решил да монтира подвижен кров. Но поради таа конструкција се намалило количеството на сончева светлина. Сега за Хале тревата ја растат на друго место, а потоа ја превезуваат и ја пресадуваат со 400 панели два на два метри.

КАКО СЕ ПРОВЕРУВА КВАЛИТЕТОТ НА ТРЕВАТА НА ВИМБЛДОН?

Отскокнувањето на топчето многу зависи и од природни фактори. Секој ден својсвата на тревата може да се менуваат, но на елитните турнири има постојан надзор за да се намалат тие флуктуации.

На Вимблдон специјалисти секој ден го мерат нивото на азот во почвата. Ако е високо, тревата станува посочна и полизгава. Затоа како се наближува турнирот, работниците користат помалку азотни ѓубрива, а го зголемуваат нивото на железо.

Внимателно се следи и хлорофилот во тревата. Ако е премногу низок, тревата е слаба и лошо ќе закрепне по целодневните натпревари.

Освен тоа големо влијание има и влажноста на воздухот. На Вимблдон заедно со подвижниот кров на Централниот корт, ставиле и четири големи климатизери кои ја сушат влагата пред да се спушти на тревата и да ја направи лизгава.

Терените може совршено да го изменат своето однесување под надворешно влијание. На пример во 2013 година на Вимблдон се случи „Лудата среда“ кога изгубија дури 12 носители меѓу кои Роџер Федерер (3), Викторија Азаренко (2) и Марија Шарапова (3). Шарапова се жалела дека се лизга, а Азаренка се повредила после незгоден пад.

Работниците на All England Club објасниле дека терените ги спремиле како и обично, но за се било виновно времето: најстудена пролет во последните 50 години, а врнежите биле поголеми од вообичаено. Поради тоа што сонцето во Лондон ретко светело, терените недоволно се исушиле.

Во 2017-та имале обратен проблем. Тоа лето било најжешко за последните 42 години па тревата брзо отпаѓала и се сушела. Федерер рекол дека на некои делови фалела трева а Ѓоковиќ изјавил дека никогаш претходно не видел така лоши тревници на Вимблдон. Укажувале и Енди Мареј и Симона Халеп.

„Ние можеме да манипулираме со растението, но мајката природа секогаш ја има последната“, рекол Стабли.

Во Јоркшир има Истражувачки институт за спортски терени. Во него работат 70 луѓе: физичари, хемичари, агрономи, биолози и инженери кои за тревата знаат се.

Институтот содржи експериментално поле во Јоркшир на кое се испитува вимблдонската трева. Таму дури и симулираат тениски натпревари со помош на специјални апарати кои исфрлаат топчиња на тревата.

Откако сфатиле дека тревата на Вимблдон веќе некое време не е најбрзата за тенис, организаторите решиле да го менуваат семето кое се употребува од далечната 1877 година! Од 2001 година Вимлдон користи семиња од три сорти трева рајграс

КОИ СЕ ФАВОРИТИ ЗА ОВОГОДИНЕШНИОТ ВИМБЛДОН?

Кај мажите се е јасно: Ѓоковиќ, Федерер и Надал се главни претенденти за трофејот. После нив на списокот фаворити одат младите ѕвезди Стефанос Циципас и Саша Зверев. А интересно, на 6-то место е 18-годишниот Феликс Оже-Аљас кој досега не одиграл ниту еден цел меч во главната фаза од Гренд Слемовите.

Кај жените букмејкерите најголеми шанси за титула и даваат на шампионката на Ролан Гарос и новиот број 1, Ешли Барти. После неа се минатогодишните финалистки Серена Вилијамс и двократната шампионка Петра Квитова, како и победничката на УС Опен и Австралија Опен Наоми Осака. Но WTA како и секогаш е непредвидлива, па така титулата може да ја освои која било од девојките во главната ждрепка.