Offside

Постои веројатност дуелот од четвртфинале меѓу Англија и Норвешка да биде одложен или терминот да му биде поместен поради најавите од метеоролозите за екстремни горештини во Мајами.

Чудесниот проектил на Сидорф со кое го реши миланското дерби

На денешен ден пред точно 15 години Милан и Интер имаа нерешен резултат 2:2 до 85 минута, се додека Кларенс Сидорф не реши да испука еден топ кој ретко се гледа. Како ли само го изведе овој удар од толку далеку?

Пекабеско со фантастична игра до победа над ЈСП

Окта, Вип и Пекабеско славеа победи во третиот ден од 13. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Господин со големо Г

За ваков мангуплук треба своевидна фудбалска интелегенција. После потегов не треба да играат веќе, нека се разодитат.

Романска мотивација на денот

Романскиот клуб Поли Јаш се наоѓа во зоната за разигрување за опстанок во првата лига. Бодови им требаат како лек, па затоа на тренинг им дошла група „молдавски разбојници“ да ги поддржат пред мечот во сабота со лидерот ЦФР Клуж. Клубот е од реонот Молдавија.

Научи се да прифатиш пораз

Секоја чест на петте титули во ЛШ, петте Златни топки, рекордните 450 голови за Реал, рекордните 121 во ЛШ и ред другите фасцинантни успеси кои ги постигна со ненормалното темпо на работа и труд, ама тоа не значи дека си го допрел Господ за муда.

Сите одлуки по консултација со ВАР во Лига на шампиони

Ова е првата нокаут фаза во историјата на Лига на шампиони во која се користи технологијата на видеоповторување. На првите средби меѓу Атлетико и Јувентус, како и Шалке и Ман. Сити имаше неколку прегледувања на спорни моменти.

Нема потврда екипа од Атлетико Мадрид

Најголемиот проблем кога играш против Атлетико под водство на Симеоне е да му дадеш гол, особено дома. Oна „Битно да не примиме гол, а дадеме барем еден“ кај нив е светост. Шест сезони им успева.

Диего Симеоне едно две па збори за мадиња и гестикулира мадиња

Не му е прв, а со оглед на неговиот бурен темперамент, ни последен пат да се фаќа за јајца и да демонстрира машкост.

Отишол навивач на Бока да џогира во дувлото на Ривер

Пред дербито Ривер - Расинг Клуб, еден навивач на Бока отишол да џогира (намерно или не, не знаеме) во дрес на неговиот омилен клуб и тоа во близина на стадионот „Монументал“. Толку требало за да го нападнат.

А на Шчесни одбранава ја видовте?

Осминафиналето меѓу Атлетико и Јуве беше многу содржајно. Покрај двата гола, имаше два пати ВАР, глумење, провоцирање, како и многу јаки шанси кои ги скротија голманите. Погледнете Шчесни што му фати на Гризман. Со прсти спречи водство на домаќинот во 53-та минута.

Голема почит - Сане не го славеше голот против клубот во кој порасна

Парите и славата некогаш не се пресудни во изградба на карактерот. И покрај тоа што во моментов важи за еден од најплатените фудбалери и најголеми таленти во Европа, Лерој Сане не заборавил од каде потекнува.

Лео Бонучи во епизодата лажго и пол

Прво најавува дека целта им е Лига на шампиони, а после се легачи на терен и глуми дека е повреден, ама по потреба. Прво ѕиркаше да види како ќе заврши акцијата, па откако виде дека е гол следуваше реакција: Мамо ме удрија, боли многу. До кога со вакви фори на толку камери. 

Роналдо со ист гест неколку пати ги провоцираше навивачите на Атлетико

Триесет и четиригодишниот Португалец не можеше да оддолее на жестоките свирежи од „Ванда Метрополитано“ стадионот во Мадрид, па со прсти им покажа на домашните навивачи колку титули во Лига шампиони има освоено.

Додека се играше Лига на шампиони, во Париз падна преубав гол

Пари Сен Жермен јуриша кон титулата во Франција. Синоќа со 5-1 го прегази Монпеље а стрелец на еден преубав гол беше Анхел Ди Марија и тоа при резултат 1-1 пред крајот од првиот дел.

Јан Облак му спречи голчиште на Роналдо за сите пари

По само 8 минути игра Кристијано Роналдо за многу малку не го расплака Мадрид. Тоа ќе беше еврогол кој ќе се вртеше на најавните шпици, а Атлетико ќе беше тој кој ќе играше под притисок да брка резултат. Колку јак удар и каква интервенција. Браво и за двајцата, посебно за голманот.

Еве ви го на!

Чоло Симеоне експлодираше од радост откако Атлетико Мадрид преку Хименез го скрши отпорот на Јуве во 78 минута. Веројатно револтиран од одлуката на судијата кој му поништи гол на Марота со помош на ВАР, тој се сврти накај кабината и одлепи.

Еврогол на Сане кој се гледа повеќе пати

Е ова е Лига на шампиони, со голчишта, картони, тензија, пресврти, вар...За издвојување од вкупно седумте гола на двете средби е слободниот удар на Сане при израмнувањето на 2:2 во Германија.

Јувентус потона во Мадрид, Сити победи со пресврт во 90-та

По најдосадната осминафинална вечер во ЛШ со компир голови, спортската среда возрати со многу поголема возбуда и вкупно 7 погодоци. Шалке и Манчестер Сити одиграа лудачки меч со два пресврти, а Јувентус се соочи со пораз доста незгоден за анулирање.

Англичанец бил да ја гледа Ливерпул – Баерн во Минхен

По синоќешното прво осминафинале меѓу двата гиганти кои одиграа без голови, се појави една искрена и пијана душа која си призна дека отпатувал во Германија за меч кој Ливерпул го играше дома. Па има ли појако?

Каков ВАР уствари се користи во македонскиот фудбал?

Одиме со твитот на денот во контекст на скандалозната судиска одлука на штета на Вардар на гостувањето против Шкендија. Три дена поминаа и никому ништо за голот кој го виде цела Македонија освен судиите. Шкендија победи 1:0.

Лукоил во висок ритам до победа над Аџибадем Систина

Џонсон Мети, Сава Осигурување и Лукоил славеа победи во вториот ден од 13. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Кога Федерер и Агаси играа тенис на висина од 321 метар а топчињата летаа во заливот

Работава мечка страв мене не страв. Како ништо да не било, двајцата воодушевени изјавиле дека имале фантастичен поглед над целиот град.

Жонглерка на денот

Таму каде што нема стадиони, трева, копачки, опрема, пари, ништо нема, никакви услови. Ама затоа има вонсериски талент во кој се крие жена која мора да му паѓа сестра на Пеле, нема друго објаснување. Меѓу пченките и трските, погледнете ја што прави.

Среќен 50-ти роденден Синиша со антологискиот хет-трик

Соиграчот на Панчев и Најдоски од шампионската Ѕвезда е еден од ретките играчи во историјата кој го носел дресот и на Рома и на Лацио, а веројатно и единствениот дефанзивец кој успеал да постигне хет-трик од слободен удар. На денешниот јубилеен роденден мора да се потсетиме на тоа чудо.