По три одиграни кола во италијанската Серија А, екипата на Палермо има само еден поен, оној што го освои во саботата на својот терен против Каљари. Тоа беше доволна причина за тренерот Џузепе Санино да заработи отказ.
Санино беше на клупата на Палермо од јуни, а негова замена ќе биде Џан Пјеро Гасперини кој минатата година имаше неуспешен старт со Интер.
Отпуштањето на Санино е јубилејно 50-то за претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини. Тој во 1987-та година го купи фудбалскиот клуб Венеција и од клуб пред банкрот во четвртата лига успеа да го доведе до Серија А. Во 2002-та година ја продаде Венеција и го купи Палермо и по две сезони влезе во Серија А.
Гасперини е 18-ти тренер на Палермо откако Зампарини го презеде Палермо пред 10 години, односно вкупно 50-ти тренер кој предводел негов клуб во 25 години откако тој е во фудбалот.