Најтиражниот мадридски весник El Pais кој се смета за близок до Реал Мадрид тврди дека фудбалерите го изгубиле оптимизмот и не веруваат дека можат да ја одбранат титулата со тактиките на Мурињо кои веќе добро им се познати на другите клубови во Шпанија.
Во клубот веќе долго време постои поделеност на играчите на Португалци и Шпанци, а поголемиот дел на фудбалерите од Шпанија посакуваат Мурињо да си замине.
Ниту историјата не е на страната на Мурињо. Реал Мадрид никогаш не успеал да надомести заостанување од осум поени.
Најголемо заостанување Реал Мадрид надомести во сезоната 2002/03 кога стигнаа до титулата и покрај тоа што Реал Сосиедад имаше предност од седум поени.