Разно

Шут у дупе многу помалку боли од ова

А следен пат да нацртате полиња и да се пробате на серва? Ем сте парен број, ем со бољи пар можете. Не за друго, ова другарство расипува што го играте.

Фудбалот ни фали, ама и гласот на Златко

Веќе два месеци кукаме за фудбал, ама поминаа три години откако поетот од коментаторското столче, се одлепи засекогаш од микрофонот со кој 42 години царуваше во спортскиот етер. Во стил на шаховски мајстор ја водеше публиката во преку 2.100 преноси во разни спортови.

Монтажер кој остана без работа во кризава

Ај сега повторно прочитајте го насловот, бидејќи ние друго објаснување немаме. Инаку да, боб санка е ова.

Људина

Ви текнува на ова лани во Доха на Светското првенство во атлетика? Светот го освои со овој бесценет гест, а не со трката.

Кучето е најдобар пријател на човекот

Другар, ортак за сè, па и за вежбање со тегови бицепс, трицепс, гради.

Судии и чирлидерси со маски, почна бејзболот во Кореа

Во вторникот стартуваше корејската бејзбол лига и се изгледа надреално, најверојатно како што ќе изгледаат сите други спортови во 2020-та во целиот свет.

А сте виделе како планински велосипедист вежба во карантин?

Краљот врзал фрижидер на скиролот, легнал на фрижидерот со велосипед и веќе до тука е многу чудно ова. Имаме надреални 47 секунди со Фабио Вибмер од Австрија.

Спремно швалериште

Ги видовте тој скоро на трибина како ја гали таа до него? Кадар кој не требаше да отиде во етер, бидејќи не му е жена. Епа овој е спремен дечко, се одбрани ко Јап Стам.

Уметноста на Тајсон за избегнување удар

Е добро де лесно е, треба само да се тргаш. Е не е лесно, плус видите го крајот како реагира после тоа тргање.

Биткоини од нашето детство

Се викаа жетони за флипери, а се користеа и за билијард и фудбалче. Додуше не беа сите исти, така што ако купиш за фудбалче, а ти се игра на флипери, можеш да го смениш, секако 5 денари беа сите. Кадилак, Фајнл Фајт, Голден Екс, Стрит Фајтер...Во секоја игра имаше по некој главен кој се поминуваше само на сец.

27 години од нападот врз Моника Селеш

На 30 април 1993 година, на мечот од четвртфиналето на турнирот во Хамбург меѓу Моника Селеш и Магдалена Малеева, 38-годишниот Гинтер Пархе кој опсесивно ја сакал Штефи Граф, со нож ја погоди Новосаѓанката во грб и ја повреди. Моника после нападот паузираше 2 години од тенисот.

Рестарт на спортот сè поблизу, Бундес планира од 9-ти мај, Премиер од 8-ми јуни

Иако ситуацијата со пандемијата од Ковид-19 и натаму е неизвесна, повеќе европски влади размислуваат за ублажување на мерките, а соодветно на тоа и многу национални првенства се острат да ги пуштат спортистите во арените.

Кога Федерер добил крава на еден турнир и научил да ја молзе

Во 2003 година по првиот освоен Грен Слем на Вимблдон, Роџер Федерер имал 21 година и уште не одлучил дали да игра на помали турнири. Кога се решил, добил необичен подарок од домаќините.

Ако не ја памти емисијава, мала е за тебе

„Бомба да пукни до него нема да мрдни од шо е сконцентриран и смирен“, стои во еден од коментарите под видеото објавено и раширено по социјалните мрежи. Време е да потсетиме на легендарниот Ристо Ничевски и неговата невидена динамика на коментирање.

Најновиот документарец за Чикаго и Џордан со рекордна гледаност

Во понеделникот на ESPN+ стартуваше првата епизода од долгоочекуваниот серијал „Последниот танц“, посветен на последната сезона на Мајкл Џордан во Чикаго и неговото културолошко влијание.

Надал ја откри мистеријата за која Федерер се прашувал откако им трае ривалството

Двајцата тениски асови се најдоа на чамче муабет на Инстаграм, разговор кој го следеа илјадници нивни фанови. За Роџер беше корисен, бидејќи откри една работа за Рафа која била само мит.

Ѓоковиќ не би примал вакцина против Ковид-19, епидемиолозите му рипнаа

Во опуштен разговор со неколку српски спортисти преку видео повик, Новак Ѓоковиќ изнел негативен став за задолжителното вакцинирање против Ковид-19 како услов за патување и настап на тениски турнири.

Можеби и подобро што одложија секакви велосипедски трки

Не само Вуелта, Тур де Франс и Џиро д'Италија. Одложени за подобри времиња, поради пандемијата од Ковид-19 се и помалите велосипедски трки. Ако бидат како оваа на видеово, можеби е и поарно.

99-годишен ветеран направи 100 круга во двор и собрал донации од 12 милиони фунти

Учесник во Втората светска војна, капетанот Том Мур решил да направи сто круга од по 25 метри во дворот во својот дом, со цел да собере средства за медицинските работиници од Националната здравствена служба (NHS).

Како да играш тенис во време на корона

Идејата не е лоша, бидејќи ем спортуваш, ем никого не загрозуваш. Само има еден проблем, а тоа е што не можеш никогаш да освоиш гем, па и поен.

И Тур де Франс крена бело знаме

Најпознатата велосипедска трка на светот, најверојатно ќе стартува на 29 август, одлучија организаторите, откако француската влада и претседателот Макрон ја продолжија забраната за масовни собири до средината од јули поради пандемијата на вирусот.

Ѓоковиќ донирал средства за Бергамо, Италијанците воодушевени

Светскиот рекет број 1 ѝ помогнал на земјата која многу ја сака, чиј јазик го зборува перфектно и каде има милиони свои навивачи.

Најзабавната и неповторлива маратонска трка од Олимпијадата 1904

За следните летни Олимписки игри 2020, ќе почекаме до 2021-ва, ама па никогаш нема да дочекаме трка како онаа пред 100 и кусур години во Сент Луис. Знаете ли вие дека олимпиец се има шверцано во кола за да стигне до целта, а на друг му дале коњак со отров за да издржел?

Ни пливачите не губат време во карантин

Со мала импровизација, можно е да се направат пристојни услови за тренинг за време на карантинот кој владее глобално. 20-годишната српска пливачка Ања Цревар се одржува во форма во импровизиран базен дома. Таа веќе обезбеди олимписка виза за Токио 2021.