„Поздрав до сите, малку ми е срам овде... Решив да ја завршам кариерата на крај од сезона. Жален момент е, тешко е да се сфати дека следната сезона нема да возам во МотоГП.
Возев речиси 30 години и од 2022 мојот живот ќе се смени. Се беше грандиозно, се забавував премногу, беше долг и забавен пат. Незаборавно е се што доживеав со мојот тим.
Си дадов време и одлучив да ставам крај по завршување на сезоната. Ова ќе биде моја последна полусезона во МотоГП. Жал ми е многу, би сакал да возам уште 20-25 години но за жал не е можно.
Има многу незаборавни моменти кои ќе ги носам со мене заскоегаш. Од следната година нема да се тркам со мотор, но се досега беше многу многу убаво.
Мојата кариера беше долга, видов многу трки, многу незаборавни моменти. Чиста радост. Многу ми беше тешко да ја донесам одлукава но мора да се разбере. Во секој спорт резултатите ја прават разликата и верувам дека права одлука е да се повлечам на крај од сезоната.
Ми би било драго да продолжам заедно со брат ми, би можел да го правам тоа, но добро ќе биде и вака. Имаме уште пола сезона пред нас, верувам ќе биде многу потешко кога ќе стигнеме до последната трка, сега само ја соопштувам мојата одлука. Добро е.
Би сакал да им се заблагодарам на сите мои навивачи дека давав се од себе многу, многу време, секогаш давав максимум за да останам на врвот. Беше долго заедничко патување. Имам неверојатна поддршка од цел свет, понекогаш и на самиот ми е тешко да ја разберам... Заедно се забавуваме.
Во текот на летната пауза дефинитивно решив. Сакав да продолжам но требаше да сфатам дали сум доволно брз и резултати беа под сите очекувања, така што трка по трка почнав да размислувам.
Обожавам да се тркам со коли, мислам дека ќе можам да го правам тоа од следната година, но треба уште да ја дефинираме таа одлука. Се чувствувам пилот и би сакал да останам тука цел живот.
Пред две години уште не бев спремен да се повлечам, требаше да измерам се. Сега имам мир сам со себе. Ова е прав момент.