Илејн сега победи на втора Олимпијада по ред и го одбрани златниот медал освоен во Рио 2016-та кога исто беше најбрза. На тие игри освои златен медал и на 200 метри, така што ќе брани уште едно злато во Токио.
Илејн Томпсон-Хера е најбрза спринтерка на планетата во моментов. Таа го подобри и својот личен рекорд, во 2016-та истрчала 100 метри за 10,70 секунди.
Интересно, Јамајчанката во младоста не покажувала блескави резултати, а во 2011-та ја отпуштиле од студентската екипа поради проблеми со дисциплината.
Но потоа Илејн се префрлила на Технолошкиот универзитет во Јамајка и под водство на тренерот Стивен Френсис ги подобрила своите резултати.
Претходниот рекорд го држеше Грифит Џојнер која уште во далечната 1988-ма на Олимписките Игри во Сеул истрча 10.62.
Зад Елејн Томпсон-Хера (29) завршија нејзините сонароднички Шели-Ен Фрејзер-Прајс и Шерика Џексон.