Бронзениот медал во дисциплината парк во скејтбордниг кај жените го освои 13-годишната Британка Скај Браун. Иако е една од најмладите олимпијки во историјата, нејзината кариера е неверојатна.
Таа на само 8 години се натпреварувала на сериозниот сениорски турнир Vans US Open, а некои елементи ги исполнила за првпат во светот на овој спорт.
Но пред само една година избегнала страшна трагедија. Не ја пресметала добро трагедијата при еден настап и се струполила директно на бетон од 4,5 метри висина. Доживеала крајно сериозни повреди, прелом на черепот и рацете. Докторите цела ноќ се бореле за животот на девојчето и го спасиле.
Видеото е потресно.
После тешките повреди, Скај не го напуштила скејтбордингот. После само пар месеци по падот таа покорила една гигантска рампа чија висина достигнува 30 метри.
На Олимписките Игри во Токио таа била фаворит но во првите два обиди немала добар настап поради пад од даската. Од третиот обид имала добар учинок и заслужено го освоила бронзениот медал.
„Пресреќна сум и не само за себе туку и за сите девојчиња со мене. Сакура е една од моите најдобри другарки, а со Кокона сме исто добри другарки“, изјавила Британката Браун после настапот.
Скај има Јутјуб канал на кој објавува многу работи од својата кариера и живот. Во 2020-та снимила спорт за својата песна GIRL кој има над 3,5 милиони прегледи.