Па како да не ти дадат оцена 0 за таков скок?

Нередовен потег е виден на натпреварите во скокови во вода на Олимписките Игри во Токио. Канаѓанката Памела Вер не се пласираше во финалето во дисциплината 3 метри отскочна даска иако била фаворит.

Памела Вер требала да изведе мошне тежок скок, но во последен момент се предомислила и само скокнала во вода без никаков потег што ги збунило присутните гледачи на трибините. Подоцна изјавила дека се решила за ова само за да не се повреди:

„Бев спремна ама згрешив. Тоа може секому да се случи, а мене ми се случи во погрешен момент. Човек сум, грешам. Нема да се предадам поради ова“, напиша Канаѓанката на својот Инстаграм профил.

 

3 август 2021 - 14:46