Атлетичарот Јован Стојоски во дисциплината 400 метри истрча време 46.81 и заврши на претпоследното место во својата квалификациска група, но на крајот беше последен откако Кениецот Кипкуруи Емануел Корир беше суспендиран.
Ова е за една стотинка подбро од неговиот личен рекорд, но не беше доволно за пласман во полуфиналните борби. Во конечниот редослед, Стојоски заврши на 38. место од 48. атлетичари на 400 метри.
До крајот на Олимпијадата во Токио, Македонија ќе ја претставуваат уште каратистката Пуликсенија Јованоска која на 5. август во 03:00 после полноќ ќе ги брани боите на нашата земја, а ден подоцна Магомедгаи Нуров ќе се појави на борилиштата во категорија до 97 килограми.