Трката во Унгарија беше една од најдобрите во последните неколку сезони. Сензационален победник на крајот беше Естебан Окон од Алпин Тимот (некогашно Рено) кој успеа да се снајде во хаосот кој го направи Валтери Ботас на стартот кога настана верижен судир.
Втор заврши Себастијан Фетел, а трет Хамилтон кој извозе луда трка и од 14. место стигна до подиумот на крај. Бодови освоија и Карлос Санјц, Алонсо, Гасли, Цунода, Латифи и Расел. Победникот Окон од Франција за првпат возеше во Формула 1 во 2016-та кога дебитираше меѓу најдобрите пилоти, а лани за првпат се најде на подиумот во Бахреин.
На чело во генералниот пласман е Хамилтон кој го претекна Ферстапен кој освои само еден бод во Унгарија. Следи пауза а сезоната продолжува на 29. август со трката за Големата награда на Белгија.