Разно

Воланот на Заубер

Мислите дека можете да возите во Формула 1? Прво видете го воланот на болидот на Заубер, па одговорете дали можете да се снајдете со тоа чудо при брзина од 250 километри на час.

Нова лудорија на Монфис

Гаел Монфис редовно не изненадува со неговите атрактивни потези, но овој пат тој се надмина себеси. Оваа лудорија го чинеше поен, потоа го загуби и сетот, а на крајот беше и поразен од Томи Хас на турнирот во Хале.

Нов рекорд на Болт

Најбрзиот човек на денешницата успеа да ја претрча трката на 200 метри под 20 секунди. Јамајканскиот спринтер на трката во рамките на „Дијамантската лига" во Осло, патеката ја истрча за 19,79 секунди и постави нов рекорд на турнирот.

Клинт Иствуд за побрз голф

Американската голф асоцијација започна интересна кампања со наслов „Додека сме млади", со цел да го забрзаат темпото и да го направат спортот поинтересен, а во неа се вклучија Тајгер Вудс и актерот Клинт Иствуд.

Манчестер Сити е тимот со најголем буџет во светот

Според истражувањето објавено во магазинот „Money Issue" на ESPN, газдите на Сити издвојуваат просечна плата од 5,2 милиони фунти годишно или 100.764 неделно и со тоа тие се најплатен спортски клуб на планетата во конкуренција на 278 екипи од 14 лиги.

Темната страна на Формула 1

И покрај зголемените мерки за безбедност, во новиот милениум овој спорт однесе три жртви од кои ниту еден не е возач. Трката во Монтреал пред два дена како и оние во Монца (2000) и Мелбурн (2001) повеќе ќе останат запаметени по жртвите отколку по победниците.

Надал “го умре“ Нелсон Мандела

Најуспешниот тенисер во историјата на Роланд Гарос предвреме му посака да почива во мир на поранешниот претседател на Јужна Африка.

Заминете во Сочи за “само“ 16 000 евра

Најскапите Олимписки игри во историјата кои ќе чинат околу 50 милијарди евра, преку туристичка агенција постои можност да ги посетите за 16.000 евра.

Офсајд лик на неделата: Чак Џонсон

НФЛ играчот Чад Џонсон доби казна затвор во траење од 30 дена затоа што во судница го плесна својот адвокат по газ, а со тоа си го заработи и нашето признание за офсајд лик на неделата.

Момче во количка повторно на бејзбол терените

Спортот ги обединува луѓето, тоа е веќе докажано. Ги носи на врвот победниците, но ги разочарува губитниците. Често пати носи и ризици со кои се носат самите спортисти, но знае и да ги исполни соништата на оние кои во некој миг од животот предвреме и кажале збогум на кариерата.

Надал блесна во Париз но падна на АТП листата

И покрај историската осма Грен слем титула на Роланд Гарос, Рафаел Надал наместо да се искачи, падна на најновата ранг листа и се наоѓа пред неговиот сонародник Давид Ферер.

Фетел конечно ја освои Канада

Актуелниот шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел ја освои третата трка оваа сезона триумфирајќи за прв пат на патеката „Жил Вилнев" за Големата награда на Канада.

Надал го “збриша“ Ферер и испиша историја

Шпанскиот тениски ас многу лесно во три сета го совлада својот сонародник Давид Ферер на финалната пресметка на Роланд Гарос во Париз и со тоа стана првиот тенисер во историјата кој успел да освои еден ист Гренд слем турнир 8 пати.

Шпанско финале на Ролан Гарос

Давид Ферер е вториот финалист на Ролан Гарос. Шпанецот си закажа финале против сонародникот Надал откако извојува лесна победа над Французинот Жо-Вилфред Цонга.

Надал владее на земјениот терен во Париз

По долга и исцрпувачка битка која се водеше во 5 сета, најуспешниот тенисер на земја во историјата, Шпанецот Рафаел Надал славеше во полуфиналето на престижниот турнир Ролан Гарос против Новак Ѓоковиќ со 3:2.

Спортистите не заработуваат од спортот

Магазинот Форбс ја објави годишната листа на најбогати спортисти на светот, а на неа доминираат луѓе кои заработуваат многу повеќе пари надвор од терените отколку на спортските борилишта.

Американските спортисти најбогати според Форбс

На чело со Тајгер Вудс во топ 10 листата на најплатените спортисти за 2012 година се наоѓаат 6 спортисти од САД од сферата на голфот, кошарката и американскиот фудбал.

Рагби мочко фатен на дело

Расел Пекер, рагбистот на Њу Зеланд Вориорс беше уловен од камерите како го наводнува теренот за време на натпревар, по што челниците на лигата веднаш му изрекоа казна во висина од 15.000 долари.

Јужни ги загуби нервите

Рускиот тенисер Михаил Јужни убедливо со 3:0 беше поразен од Германецот Томи Хас на Ролан Гарос, а на сето тоа реагираше како да е крај на светот.

Русите ќе украдат 30 милијарди долари од Олимпијадата

Зимските Олимписки игри кои следната година ќе се одржат во Сочи ќе бидат најскапи во историјата, но најверојатно не затоа што толку ќе бидат потрошени на организацијата на игрите, туку затоа што голем дел од овие средства ќе бидат украдени.

Претставени медалите за ОИ во Сочи 2014

Организаторите на зимските Олимписки игри кои следната година ќе се одржат во Сочи го претставија дизајнот на медалите.

Борење, сквош и бејзбол во борба за ОИ 2020

Меѓународниот олимписки комитет ја скрати листата од кандидатските спортови и за последното место на Олимписките игри во 2020-та година во конкуренција останаа уште борење, сквош и бејзбол/софтбол.

Тениските легенди некогаш и денес

Ноле, Федерер, Надал, сестрите Вилијамс, Курникова... доминираат во тенисот во последната декада, но не многу одамна, некои други тениски легенди ги рушеа Гренд слем рекордите и ги поставуваа стандардите во светскиот тенис. Еве како тие изгледаат денес.

Матрикс гулаб

По навивачи, кучиња, мачки и кокошки кои влетуваат на спортските терени, на ред дојдоа и гулабот од патеката на трката од ГП2 серијата во Монако кој го избегна прегазувањето од Бразилецот Фелипе Наср со помош на матрикс салто.