Многу од фаворитите беа изненадени, а за тоа своја заслуга имаат следните играчи, кои воедно се и најдобрите играчи на ова второ коло: Димитар Бадев кај Општина Карпош со постигнати 3 гола, Ивица Арсенов кај ЈСП кој е заслужен за пресвртот на ЈСП над Лукоил, Арбен Нухиу кај UNIQA со постигнати 3 гола, Дарко Стојановски кај Гранит кој буквално во последната секунда го реши натпреварот промеѓу Гранит и Eurolink, додека Ивица Јанкоски кај Montenegro кој е прогласен за најдобар 5-ти играч со постигнати 3 гола.
Стојан Андонов кај екипата на Општина Карпош е прогласен за најдобар голман на ова коло, а за тренер кој најмногу придонесе за успехот на својата екипа во второто коло е прогласен Јовица Илиевски од ЈСП.
Екипата на SISTINA, со победата над минатогодишниот шампион Македонски Телеком, заслужено е прогласена за најдобра екипа на второто коло на Бизнис Лигата на Македонија.