БЛ 2-ро коло (втор ден)

Гранит со звукот на сирената

Одиграни се уште три натпревари од второто коло на Бизнис лигата на кои победи забележаа Гранит и МЕПСО, а UNIQA и ЕВН ги поделија бодовите.

Гранит со звукот на сирената го доби натпреварот против Eurolink.
Eurolink 4-5 (3-3) Гранит
Eurolink: Александар Трпковски 2', Јовче Зузаровски 11', 22', Јорданчо Димиџиевски 12'
Гранит: Пепи Мицев 10', Дарко Стојановски 16', 40', Ивица Димишковски 18', 36'
Се играше исклучително офанзивен фудбал во кој имаше одлично изработени напади и на двете страни. И двете екипи наизменично го менуваа водството за 3-3 на полувремето. Играта гол за гол продолжи и во второто полувреме. И кога сите очекувавме овој натпревар да заврши со нарешен резултат, буквално во последните секунди од натпреварот проработе Дарко Стојановски кај екипата на Гранит и со гол и ја донесе победата на својата екипа. Крај на натпреварот 4-5.

МЕПСО преку контранапади до победа над ArcelorMittal.
ArcelorMittal 3-5 (2-2) МЕПСО
ArcelorMittal: Игор Мирчески 6', 20', 32'
МЕПСО: Борис Трајковски 7', 26', Горан Андоновски 17', Зоран Деспотовски 31', Златко Ацевски 38'
Исклучително рамноправна борба водеа екипите на ArcelorMittal и МЕПСО. Во првото полувреме се постигнаа четири гола, по два на двете страни. Мора да напоменеме дека се играше доста чисто со многу брзи контранапади. Во второто полувреме екипата на МЕПСО ги казни грешките во додавање на ArcelorMittal и стигна до победа во овој натпревар со 3-5.

Нухиу ги подели бодовите помеѓу UNIQA и ЕВН.
UNIQA 4-4 (0-1) ЕВН
UNIQA: Ибиш Мисини 26', Арбен Нухиу 33', 38', 40'
ЕВН: Благој Кулев 10', Живко Трпески 28', Дарко Милошески 29', Бојан Маџовски 38'
Извонредна одбрана го красеше првото полувреме. Иако се играше цврста одбрана и двете екипи играа доста чист фудбал. Екипата на ЕВН во 10' стигна до предност од 0-1 која успеа да ја задржи до крајот на првото полувреме. Во второто полувреме се разгоре борбата, и двете екипи го заострија начинот на игра. Екипата на ЕВН го имаше овој напревар во своите раце, но екипата на UNIQA благодарение на Арбен Нухиу кој имаше хет трик, стигна да ги подели бодовите.

23 октомври 2013 - 09:02