БЛ 2-ро коло (прв ден)

Montenegro во полн сјај

Одиграни се три натпревари од второто коло на Бизнис лигата.

Montenegro во полн сјај против Глобко Логистик.
Глобко Логистик 0-7 (0-3) Montenegro
Глобко Логистик: /
Montenegro: Ивица Јанкоски 2', 6', 37', Даниел Настевски 15', Горан Новакоски 21', Сашо Павлоски 31', 33'
Брилијантна игра на екипата на Montenegro против Глобко Логистик. Очигледно беше дека имаат одлична игра како во нападот, така и во одбраната. Во ниеден момент не дозволија победникот на овој натпревар да се доведе во прашање и издвојуваа убедлива победа со 0-7. Полувреме 0-3.

Изедначена игра на АМСМ и Оилко.
АМСМ 2-2 (1-1) Оилко
АМСМ: Филип Вељановски 4', Душко Тодоровски 37'
Оилко: Владимир Арсов 5', Дејан Димковски 40'
Исклучително квалитетен израмнет натпревар одиграа екипите на АМСМ и Оилко. Во текот на целиот натпревар се водеше израмнета борба во која ниедна од двете екипи не успеа резултатски да се одлепи. Евидентен беше напредокот во играта кај екипата на Оилко, која покажа дека знае да напаѓа со голман-играч, но екипата на АМСМ не дозволи да биде изненадена. Во ваквиот изедначен натпревар и двете екипи ги поделија бодовите (2-2). Полувреме 1-1.

ЈСП на крилата на Ивица Арсенов до победа над Лукоил.
ЈСП 5-2 (1-1) Лукоил
ЈСП: Марјан Србиновски 7', Ивица Арсенов 29', 30', Ајдин Бекировски 32', Дарко Најдоски 39'
Лукоил: Љупчо Апостоловски 9', Борче Василев 28'
Доста тврд натпревар одиграа екипите на Лукоил и ЈСП. Во текот на целиот натпревар одбраната беше во прв план и кај двете екипи, вршеа притисок на противничката половина со цел да ја искористат грешката во нападот. Имаше доста удари кон голот на двете страни, со не толку добра реализација, што може да се види и по самиот резултат. Во ваквата игра благодарение на Ивица Арсенов подобро се снајде екипата на ЈСП и го доби овој натпревар со 5-2. Полувреме 1-1.

21 октомври 2013 - 22:46