БЛ 1-во коло (трет ден)

Комплетирано првото коло од Бизнис лигата

На последните натпревари од првото коло на Бизнис лигата, Лукоил ја победи екипата на SISTINA, ЈСП го растури Оилко, а Montenegro и АМСМ ги поделија бодовите.

Лукоил ги искористи шансите против SISTINA.
SISTINA 2-6 (1-3) Лукоил
SISTINA: Горан Манов 4', Александар Јаневски 34'
Лукоил: Дејан Зиков 7', Жарко Климкаров 16', Васко Стефанов 19', Игор Дамјаноски 31', 33', Борче Василев 40'
Исклучително атрактивно прво полувреме во кое се играше одличен фудбал и на двете страни. Бевме сведоци на доста луцидни потези кои ги изведуваа играчите. Екипата на Лукоил успеа да се одбрани со играч помалку а екипата на СИСТИНА истиот да не го искористи и на полувремето дојде до водство од 1-3. Екипата на Лукоил продолжи да ја искористува секоја шанса која и беше дадена во текот на второто полувреме, влегувајќи го мирна завршница за победа од 2-6.

ЈСП рутинирано до победа над Оилко.
ЈСП 6-1 (4-0) Оилко
ЈСП: Далибор Милековски 1', 20', Љупчо Павловиќ 2', Дејан Блажевски 13', Дарко Најдоски 35', Давор Калиновски 39'
Оилко: Дејан Јовановски 22'
На почетокот на натпреварот екипата на Оилко несконцентрирано влезе во игра, што многу и отежна во понатамошниот тек од натпреварот. За неполна минута прими два гола, но очекувано со оглед на тоа дека ова е нивен прв настап во Бизнис Лигата. Во понатамошниот тек од натпреварот, и покрај тоа што екипата на ЈСП го имаше водството, екипата на Оилко прикажа добра игра која ветува повеќе победи во понатамошниот тек од натпреварувањето. ЈСП прикажа стандардно добра игра и во ниеден момент од овој натпревар не дозволи победникот да се доведе во прашање. Натпреварот заврши со 6-1. Полувреме 4-0.

Montenegro и АМСМ ги поделија бодовите.
Montenegro 4-4 (2-2) АМСМ
Montenegro: Иван Билбиловски 12', Сашо Павлоски 15', Горан Новакоски 24', 38'
АМСМ: Ивица Аврамовиќ 7', Душко Тодоровски 11', 34', Филип Вељановски 34'
Крајно изедначено прво полувреме одиграа екипите на АМСМ и Montenegro. Се играше гол за гол во духот на фер плејот со многу луцидни проигрувања кои овозможуваа атрактивни удари кон голот. На полувремето се замина со 2-2. Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам, но ниедна не дојде до посакуваниот гол за победа. Натпреварот заврши нерешено 4-4. Полувреме 2-2.

17 октомври 2013 - 08:24