БЛ 3-то коло (прв ден)

Глобко Логистик ја искористи слабоста на голот на Оилко

Започна третото коло од Бизнис лигата со три натпревари на кои победи прославија UNIQA, Глобко Логистик и Лукоил.

UNIQA со поефикасен напад до победа над АМСМ.
UNIQA 5-2 (0-1) АМСМ
UNIQA: Влатко Деспотовски 21', 34', Арбен Нухиу 29', Арбен Бајрами 35', 39'
АМСМ: Ивица Аврамовиќ 2', Мартин Фотевски 25'
Екипата на АМСМ одлично го отвори овој натпревар со гол во раната фаза уште во втората минута. Во текот на цело прво полувреме екипата на UNIQA играше доста офанзивно, сакајќи да го израмни резултатот, но не успеа, и на полувремето се отиде со 0-1. Идентична ситуација беше во второто полувреме, само улогите на екипите беа сменети. Екипата на UNIQA уште на самиот почеток го изедначи резултатот и продолжи во таков ритам со одлична реализација во нападот, постигнувајќи 4 гола со што и го добија овој натпревар.

Глобко Логистик ја искористи слабоста на голот на Оилко.
Глобко Логистик 6-3 (3-0) Оилко
Глобко Логистик: Љубомир Раденовиќ 7', Иван Стојановски 8', 13', 23', 35', Бобан Николовски 40'
Оилко: Александар Крстевски 22', Владимир Арсов 37', 39'
Екипата на Оилко против Глобко Логистик натпреварот го започна со голман играч, како што и впрочем играше во целото прво полувреме. Но, екипата на Глобко Логистик знаеше да го искористи прераниот излез на голманот од својот простор, со што дојде до висока предност од 3-0, со кои се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Оилко внесе голман и во средината на ова полувреме се разбуди, со што беше блиску да фати резултатски приклучок, но екипата на Глобко Логистик не го дозволи тоа и го доби овој натпревар со 6-3.

Гранит во отсуство на два играчи немоќен против Лукоил.
Гранит 3-6 (1-3) Лукоил
Гранит: Дарко Стојановски 19', 40', Пепи Мицев 30'
Лукоил: Борче Василев 2', 29', 35', Марјан Цветковски 13', 28', Дејан Зиков 20'
Екипата на Гранит против Лукоил настапи значително ослабена без двајца играчи. Тоа одлично го искористи екипата на Лукоил која покрај одличната игра во нападот го имаше и расположениот голман Марјан Цветковски, кој имаше своја вечер, за на крајот Лукоил да издвојува победа од 3-6. Полувреме 1-3.

29 октомври 2013 - 08:36