По 36-ти пат во кариерата, 10-ти пат оваа сезона и 6-ти пат во серија, Себастијан Фетел се искачи на првото место во пиедестало, но победата во Индија имаше посебно значење. Со оваа победа Фетел ја обезбеди четвртата победа во серија.
На возачот на Ред Бул му беше потребна само 5-та позиција, но тој стартуваше од пол-позицијата и на крајот повторно стигна прв на целта со време 1:31:12.187 часа.
Со овој триумф Фетел се израмни со Ален Прост кој има освоено четири титули за девет години, а пред него се само уште Хуан Мануел Фанџо со пет и Михаел Шумахер со седум титули.
Трката не започна баш сјајно за Фетел кој по два круга мораше да оди во боксот, но набргу се врати на првата позиција која ја зачува до крајот.
Покрај Фетел на пиедесталот се искачија и Нико Розберг од Мерцедес и Роман Грожан од Лотус. Зад нив се пласираа Маса, Перез, Хамилтон, Раиконен Ди Реста, Зутил и Рикиардо, а Алонсо не успеа да освои поени.
Следната трка на календарот е Големата на града на Абу Даби која ќе се вози на 3 ноември.
Резултати:
1. Себастијан Фетел 1:31:12.187 часа
2. Нико Розберг +29.823
3. Роман Грожан +39.892
4. Фелипе Маса +41.692
5. Серхио Перез +43.829
6. Луис Хамилтон +52.475
7. Кими Раиконен +1:07.988
8. Пол Ди Реста +1:12.868
9. Адријан Зутил +1:14.734
10. Даниел Рикиардо +1:16.237
Генерален пласман на возачи:
1. Себастијан Фетел 322 поени
2. Фернандо Алонсо 207
3. Кими Раиконен 183
4. Луис Хамилтон 169
5. Марк Вебер 148
6. Нико Розберг 144
Генерален пласман на конструктори:
1. Ред Бул 470 поени
2. Мерцедес 313
3. Ферари 309
4. Лотус 285
5. Мекларен 93
6. Форс Индија 68
7. Заубер 45
8. Торо Росо 32
9. Вилијамс 1