Меѓународниот Олимписки комитет во септември ќе ја донесе конечната одлука дали борењето ќе остане олимписки спорт, а ние имаме неколку причини поради кои би гласале за овој спорт.
Еден идиот (како што го нарекоа ТВ коментаторите) падна во искушение седејќи во првите редови на Ол-стар бејзбол натпреварот и твитна дека ќе влезе на терен ако добие 1.000 ретвита. Тој веднаш доби и многу повеќе ретвита, но и соодветен третман од обезбедувањето.
По Олимписките и Параолимписките игри, главниот град на Англија испрати кандидатура и за спортскиот настан каде учествуваат спортисти, уметници и музичари без разлика на нивната сексуалната ориентација.
Семуел Грот кој е познат како сопственикот на рекордниот сервис од 263 километри на час, се прослави и со еден неверојатен удар кој влегува во конкуренција за поен на годината.
На денешен ден пред точно 25 години Американката Флоренс Грифит Џојнер го оствари можеби најспорниот рекорд во историјата на Атлетиката. За многумина тој момент и натаму е контроверзен, но е сепак признат рекорд кој се уште никој не успеал да го сруши.
Што се случува со Олимписките градби откако ќе завршат игрите? Некои се претвораат во туристички атракции, театри, концертни сали, музеи, тренинг центри... но некои градби за кои се потрошени милијарди долари скапуваат и се распаѓаат со текот на времето.
Собирачите на топчиња се добро истренирани и скоро неприметливи поединци кои имаат важна улога во светот на спортот. Но и тие се само луѓе и често ни приредуваат интересни ситуации за сеир.
Формула 1 шампионот Себастијан Фетел минатата недела за прв пат ја освои Гран при трката во Германија, а овој викенд тој повторно возеше трка во својата земја но во малку поинаков болид.
Црн ден за кралицата на спортовите. Двајца поранешни светски прваци на 100 метри паднаа на допинг тест. Тајсон Геј и Асафа Пауел користеле недозволени средства.
Гренд слем турнирот во Вимблдон ќе остане запаметен како Вимблгедон заради раната елиминација на многу носители, шампиони и поранешни рекети број 1, но и по добрите мечеви. Ова се најдобрите моменти од овогодишното издание на Вимблдон.
Марк Кевендиш може да биде во неволја ако биде потврдена неговата вина за сударот пред целта на 10-та етапа на Тур де Франс. Победник на етапата беше Марсел Кител, а во сударот настрада неговиот тимски колега Том Велерс.
Оваа година тревата во Вимблдон имаше важна улога на Гренд слем турнирот затоа што многу тенисери се пожалија дека нејзината состојба е причината за нивните лизгања, повреди и откажувања.
Енди Мареј на почетокот од неговата кариера бегал од куршумите на лудакот кој убил 17 деца во неговото училиште. 17 години подоцна тој го победи најдобриот тенисер на светот и по 77 години стана првиот Британец со триумф на Вимблдон.
Андерсон Силва важи за еден од најдобрите MMA борци во светот. Самоуверениот борец беше непоразен од 2006-та година, се до викендов кога Крис Вејдман му наплати за неговата преголема самодоверба.
Шкотскиот тенисер блесна на финалната пресметка на најпрестижниот тениски турнир. Енди Мареј беше далеку подобар противник од Ѓоковиќ и успеа да слави со 3:0.
Возачот на Ред Бул, Себастијан Фетел успеа да и донесе радост на својата земја на Големата наградата на Германија во деветтата трка на Формула 1 оваа сезона.
Добро ни е познато дека се допингуваат велосипедистите, атлетичарите, пливачите, кошаркарите, пливачите и сите други спортиси, ама не очекувавме дека допинг ќе користат и во карлингот.
Швајцарецот Роже Федерер нема да ја одбрани титулата од Вимблдон откако беше елиминиран уште во втората рунда, но тоа не му влијае на репутацијата. Тој е највлијателниот спортист според магазинот Форбс.
Шкотскиот тенисер Енди Мареј беше подобар со 3:1 од изненадувањето на годинашниот турнир во Лондон, Јержи Јанович и во финалната рунда ќе се судри со рекетот број 1 Новак Ѓоковиќ кој во маратонска полуфинална рунда го мина Дел Потро.