Неделковски ја спушти ролетната на голот на ЕВН
АМСМ 2-4 (1-1) ЕВН
АМСМ: Ивица Аврамовиќ 3', Мартин Фотевски 34'
ЕВН: Слаѓан Божиновски 8', 23', Патрик Караѓуле 27', Менде Неделковски 38'
Бевме сведоци на одличен фудбал со доста луцидни потези и на двете страни. И двете екипи играа одлично организиран напад со брзи додавања, со што создаваа шанси за гол. Екипата на ЕВН искористи повеќе од изгледните ситуации за гол и се чини дека тоа беше клучот со кој оствари победа од 2-4 на овој натпревар против АМСМ. Мора да напоменеме дека во клучните моменти одлучувачки гол кај ЕВН постигна нивниот голман Менде Неделковски кој е заслужено играч на натпреварот.
ЈСП супериорен во дуелот со ArcelorMittal
ArcelorMittal 3-8 (2-5) ЈСП
ArcelorMittal: Жарко Ивановски 2', 15', Марјан Стојановски 36'
ЈСП: Далибор Миленковски 8', Давор Калиновски 10', 35', Марјан Србиновски 12', Дејан Блажевски 17', Велко Серафимовски 18', 36', Љупчо Павловиќ 40'
Апсолутна доминација на екипата на ЈСП во натпреварот против ArcelorMittal, кој беше значително ослабен со неиграње на неколку играчи. ЈСП одигра натпревар во висок ритам за кој беше потребна голема физичка подготвеност на која ArcelorMittal не можеше да одговори, пред се поради тоа што немаше играч во ротација. ЈСП го доби овој натпревар против ArcelorMittal со убедливи 3-8.
Бензинското дерби припадна на Лукоил
Оилко 1-7 (0-4) Лукоил
Оилко: Ванчо Василевски 37'
Лукоил: Дејан Зиков 6', 11', 24', 26', Жарко Климкаров 19', Љупчо Апостоловски 20', Борче Василев 38'
Во пумпашкото дерби екипата на Лукоил одигра одлично во сите сегменти на фудбалската игра. Екипата на Оилко како да немаше своја вечер, пред се им затаи реализацијата во нападот. Ваквата слаба игра во нападот се должеше на добрата игра во одбраната на екипата на Лукоил. Со ваквата слаба реализација Оилко не можеше да очекува добар резултат и го загуби овој натпревар со 1-7.