Откако Себастијан Фетел ги освои последните девет трки и веќе одамна се знаеше кој ќе биде шампион оваа година, па сезоната кон крајот стана здодевна, ФИА реши да ги смени правилата.
Челниците на ФИА решија да ги дуплираат поените од последната трка за да се задржи неизвесноста до крајот на сезоната.
Цела сезона победникот ќе добива 25, второпласираниот 18, а третиот 15 поени, но на последната ноќна трка во Абу Даби, поените ќе бидат удвоени.
Оваа одлука веднаш предизвика бура од реакции помеѓу Ф1 фановите кои сметаат дека лошата среќа на последната трка ќе има големо влијание во трката за шампионската титула.
Според освоените поени, Фетел ќе немаше проблеми со овие математики оваа сезона, но ако вака се пресметуваа поените во 2012-та година, тој тогаш немаше да ја освои титулата. Ниту Луис Хамилтон ќе беше шампион во 2008, а во 2003-та година без титула ќе остенеше Михаел Шумахер.
ФИА исто така донесе одлука од следната сезона помали прекршоци да се казнуваат со пет секунди, а помеѓу новитетите се и промените за бројките. Возачите ќе можат да бираат број од два до 99, а бројот еден ќе биде резервиран за актуелниот шампион.