Во ова коло одлични роли пружија следните фудбалери: Ивица Јанковски кај Монтенегро со дадени 6 гола, Мартин Фотевски кај АМСМ со дадени 4 гола, Влатко Манев кај Македонски Телеком со дадени 4 гола и Иван Стојановски кај Глобко Логистик со дадени 4 гола, а Арбен Нухиу кај UNIQA е прогласен за најдобар 5-ти играч на седмото коло со дадени 3 гола.
За најдобар голман на ова коло е прогласен голманот на Лукоил - Марјан Цветковски, додека тренер кој најмногу придонесе за успехот на својата екипа во ова коло беше Драган Стојанов – тренерот на екипата на EVN.
За најдобра екипа на седмото коло е прогласена екипата на Лукоил.